СОФИЈА/БРИСЕЛ – Бугарија ја изразува својата силна поддршка за херојскиот народ на Украина во нивната борба за слобода, независност, мир и просперитет. Ова го изјави бугарското Министерство за надворешни работи (МНР) по повод 1.000 дена од почетокот на војната во Украина.
Бруталниот руски терор не го скрши украинскиот дух и храброст во овие 1.000 дена војна и правдата ќе надвладее, се додава во изјавата. Бугарија силно ја поддржува независноста, територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина, истакна бугарската заменичка-министерка за надворешни работи Елена Шекерлетова во изјава на заседанието на Советот на ЕУ за надворешни работи во Брисел.
Таа ја истакна потребата од продолжување на помошта за Украина во сите правци. Информацијата за вклученост на странски земји во конфликтот, на пример учеството на воени единици од Северна Кореја, е исклучително загрижувачка и ние го осудуваме тоа, додаде Шекерлетова.
Бројот на Украинци кои пристигнаа во Бугарија по почетокот на војната во февруари 2022 година го надмина милион, објави пред неколку дена амбасадорот на Украина во Бугарија Олеся Илашчук. Таа цитираше актуелни статистички податоци, според кои во Бугарија се наоѓаат над 52 илјади украински граѓани со доделен статус на привремена заштита и над 14 илјади од нив работат.
Според информациите од Министерството за труд и социјална политика од крајот на октомври оваа година над 50 илјади семејства на украински бегалци се поддржани од Бугарија со над 88 илјади помош на различни правни основи од почетокот на војната во Украина.
Во Њујорк на состанокот на министрите за надворешни работи од Г-7+ службениот министер за надворешни работи на Бугарија Иван Кондов рече дека Софија обезбедува постојана поддршка за Украина – политичка, финансиска, воена, хуманитарна и дипломатска. Кондов истакна дека Бугарија се обврза да обезбеди активна поддршка за енергетската безбедност на Украина и потсети дека при посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Бугарија во јули 2023 година беше потпишан Меморандум за разбирање за соработка во областа на енергетиката и беа создадени заеднички работни групи. (18-19 ноември)