Со комесарот за внатрешни работи и имиграција на Европската комисија Магнус Бринер се сретна премиерот Киријакос Мицотакис во Макасиму.
„Ние сме задоволни со напредокот кој е постигнат на европско ниво во однос на формирањето на нова рамнотежа во целокупната европска имиграциска политика, во насока на заштита на надворешните граници, со посебен акцент на враќањата, но фокусирајќи се и на легалните патишта за имиграција,“ истакна премиерот.
На почетокот на нивната средба имаа дијалог:
Киријакос Мицотакис: Комесару, добредојдовте. Разбирам дека ова е вашето прво патување во странство, освен една посета што ја направивте во Полска по очигледни причини. Особено ми е драго што ве пречекувам. Имаме многу за дискусија. Како што знаете, Грција е земја која многу години е на првите редови на имиграциската криза.
Задоволни сме со напредокот кој е постигнат на европско ниво во однос на формирањето на нова рамнотежа во целокупната европска имиграциска политика, во насока на заштита на надворешните граници, со посебен акцент на враќањата, но фокусирајќи се и на легалните патишта за имиграција.
Имаме многу за дискусија и сакам повторно да ви честитам за вашето именување и избор. Убеден сум дека ќе имаме многу плодна соработка.
Магнус Бринер: Ви благодарам за пречекот и времето. Како што рековте, да, ова е мојата прва официјална посета во странство, се разбира освен Полска. Ова се должи на фактот што Грција, секако, има многу важна улога и е особено добар партнер во Европската Унија, целокупно, не само во однос на темите што ги дискутираме, безбедноста како и имиграцијата, но и во сите други аспекти. Имаше голем напредок и во други теми. Ви благодарам повторно за гостопримството. Ви благодарам за се што правите, за сите ваши напори.
Како што споменавте, имаме работа што треба да ја направиме, имаме различни предизвици пред нас. Примената на договорот е една од нив. Но сигурно, прашањето на враќањата е исто така тема на која треба да имаме резултат. Се надевам дека ќе успееме. Се уште сум оптимистичен, иако само што преземав, но затоа што само што започнав со моето ново портфолио, имаме многу за да завршиме.
Многу сум среќен што соработката меѓу Грција и Европската Унија е толку силна, што е добро, бидејќи, како што кажав, Грција има значајна улога, ја имаше во минатото и ќе ја има во иднината. Особено се радувам на нашата меѓусебна соработка. (16/01/2025)
Прочитајте исто така: