Скопје – Европа се состои од компромиси, тие се важна основа за Европската Унија. Во сегашнава состојба за пристап во пррцесот за пристапување нема вето за вашата земја, рече денеска германската амбасадорка Петра Дрекслер, на настанот по повод Денот на Европа во организација на Европското движење во Северна Македонија во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер.
Според неа, основата за членство во ЕУ е процесот на реформи.
-Земјите членки се согласни дека треба да се овозможи почеток на преговори, а германската перспектива е зајакнување на Европа и нанадвор и навнатре, а треба да најдеме начин како да постигнеме решение во рамките на Европа. Повеќето одлуки во ЕУ се донесуваат со квалификувано мнозинство, рече Дрекслер.
Германската страна, додаде таа, може да се замисли дека треба да се зголеми бројот на одлуки што се донесуваат со квалификувано мнозинство.
-Меѓутоа јадрото на нашата силина е да настојуваме да постигнеме компромиси. Не смееме да се откажеме од компромисите. А почетокот и крајот на преговорите се одлуки што се донесуваат едногласно. Во оваа сфера не се изменило ништо, заклучи германската амбасадорка. (4 јуни)
MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.