ЗАГРЕБ – Досегашната потпретседателка на Европската комисија за демократија и демографија Дубравка Шуица е кандидатка на хрватската влада за комесарка на Комисијата во новиот мандат, одлучи во четвртокот владата.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ неодамна изјави дека во новиот состав на Европската комисија ќе бара место комесар што има под себе некоја од главните управи, своевидни министерства во извршното тело на ЕУ.
„Ќе бараме портфељ со главна управа“, рече Пленковиќ.
Дубравка Шуица е хрватска политичарка од владејачката партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ), во изминатите пет години беше потпретседателка на Европската комисија за демократија и демографија. Во периодот од 2001 до 2009 година беше градоначалничка на Дубровник. Во три мандати избрана за пратеничка во Хрватскиот сабор (2000. – 2011.)