Поради „постојаните руски напади, Украина има потреба од постојана поддршка од Европската Унија“, пишува Фон дер Лајен на X. Ветувањето од петок е „уште еден важен придонес на ЕУ за обновата на Украина“.
Украина самата може да одлучи за што ќе ги искористи парите, рече Фон дер Лајен подоцна на заедничка прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Милијардите ѝ даваат на Украина финансиска стабилност, рече политичарката. Парите потекнуваат од замрзнати руски средства, рече Фон дер Лајен. Според неа, е справедливo агресорот Русија да учествува во обновата на Украина.
Фон дер Лајен очекува парите брзо да бидат префрлени, рече таа за време на прес-конференцијата.
Заемот сè уште треба да биде одобрен од Европскиот парламент и од квалификувано мнозинство на земјите-членки на ЕУ. Тоа значи дека предлогот мора да биде поддржан од најмалку 15 од 27-те земји-членки, кои заедно претставуваат најмалку 65 проценти од вкупната популација на ЕУ. Заемот е дел од поширок план во вредност од над 44 милијарди евра за помош на Украина, за кој Соединетите Американски Држави и Г7 претходно постигнаа договор.
Украина ќе ги користи парите, меѓу другото, за оружје како дронови и противвоздушна одбрана, изградба на засолништа во училиштата и за заштита на енергетската инфраструктура во земјата, рече Зеленски.
Тој ја повика Фон дер Лајен да продолжи со вршење притисок врз Русија, преку воведување повеќе санкции. „Не смееме да дозволиме Русија да се прилагоди на санкциите.“
(20 септември)