Брисел – Широка мнозинска поддршка од левицата, центарот и десницата (411 за, 100 против и 78 воздржани), се изјасни во четвртокот во Европскиот парламент за опорезување на увозот на руски ѓубрива, додека екстремната десница се противеше.
Рускиот владин портпарол Дмитриј Песков ја осуди мерката. Европјаните « си пукаат во нога » и ќе « се соочат со поскапи ѓубрива », изјави тој.
Од јули, Европската унија ќе воведе царински дополнителни такси и ќе ги зголемува постепено до 2028 година, со цел да се намали приливот на азотни ѓубрива од Русија и нејзиниот сојузник Белорусија.
Повеќе од три години по инвазијата на Украина, треба да се прекине « да се храни воената машина » на Владимир Путин и « да се ограничи зависноста на европските земјоделци од руските ѓубрива », изјави европратеничката од Летонија Инесе Вајдере (ППЕ, десница), известувач на овој текст, кој треба да добие последно одобрување од државите-членки.
Европската унија увезе 6,2 милиони тони руски ѓубрива во 2024 година. (22 мај 2025)