Париз – Европските производители на автомобили се соочуваат со ризик од казни од 15 милијарди евра ако не ги почитуваат правилата на ЕУ за емисии додека продажбата на електрични возила забавува на стариот континент, предупреди шефот на групата Renault, Лука де Мео, барајќи „малку флексибилност“.
„Сега се подготвуваме за 2025 затоа што примаме нарачки за автомобилите што ќе ги испорачаме. И, според нашите пресметки, ако електричните возила останат на нивото на денес, европската автомобилска индустрија можеби ќе треба да плати 15 милијарди евра казна или да се откаже од производството на повеќе од 2,5 милиони” единици, предупреди саботата на јавниот радие Франс Интер г. де Мео, кој е исто така претседател на Асоцијацијата на европски производители (ACEA).
Едно електрично возило овозможува да се компензираат четири термални автомобили.
„Треба да ни се даде малку флексибилност“, побара тој.
Во август, електричните возила претставуваа само 12,5% од европскиот автомобилски пазар, со пад од 10,8% на продажбата на годишно ниво. (7 септември 2024)