Станува збор за три казни, една за целата корпорација и две за одделни сестрински компании. Air France-KLM доби казна од 124,4 милиони евра, сестринската компанија KLM доби казна од 2,7 милиони евра и сестринската компанија Air France доби казна од 182,9 милиони евра.
И други авиокомпании, како германската Lufthansa, на крајот на 2010 година добија казни од Европската комисија. Станува збор за вкупен износ од 790 милиони евра. Комисијата ги воведе казните, зашто авиокомпаниите направиле меѓусебни ценовни договори за воздушни товари, во периодот од декември 1999 до февруари 2006 година.
Пет години подоцна, Судот на Европската унија ја поништи одлуката на Комисијата. Таа не се откажа и донесе нова, подобро мотивирана и поддржана одлука. Тоа решение беше оспорено во жалба од авиокомпаниите. Тие сакаа казната да биде отповикана или барем намалена. Судот овојпат одлучи дека казната е оправдана.
Европскиот суд сега го разгледува случајот на жалба, поднесена од страна на авиокомпаниите.
(5 септември)