FP, ANSA, BTA, dpa, EFE, HINA, MIA, Ritzau, STA, TASR, Tanjug
Коалиција на лидери од индустријализирани земји и климатско загрозени држави повикаа на поамбициозно климатско финансирање на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени (КОП29) во Баку, Азербејџан во средата.
Од ОН велат дека 2024 година е на пат да го надмине климатското ограничување на температурите кои не се 1,5 степени Целзиусови повисоки од просечната граница пред индустриската ера, иако ова не е непосредно прекршување на целта, која ги мери температурите во текот на децениите.
На самитот, создавањето на глобален пазар за јаглерод, поддржан од ОН, е чекор кон до реалноста, со тоа што владите одобрија нови стандарди за употреба на кредити кои можат да се тргуваат за да се исполнат климатските цели, слични на системот за тргување со емисии (ETS) на Европската Унија. Договорот се смета за пробив по речиси една деценија сложени преговори за правилата за трговија со јаглеродни кредити.
Сепак, светските лидери понудија спротивни визии за справување со климатските промени и настапиле тешки разговори во врска со климатското финансирање.
Во меѓувреме, конференцијата беше засенета од повторниот избор на републиканецот Доналд Трамп за претседател на САД, кој претходно рече дека ќе ги укине американските обврски за намалување на емисиите на јаглерод. Поранешниот американски претседател се заколна дека повторно ќе ја повлече земјата од Парискиот договор откако ќе ја преземе претседателската функција во јануари 2025 година.
Остри предупредувања за емисиите
Емисиите на јаглероден диоксид од нафта, гас и јаглен кои ја затоплуваат планетата стигнаа рекордни нивоа оваа година, според прелиминарното истражување од меѓународната мрежа на научници во Глобалниот проект за јаглерод, објавено дента кога лидерите се сретнаа во Баку.
Истражувањето покажа дека за да се постигне амбициозната цел на Парискиот договор за ограничување на затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови, светот сега треба да постигне нето нула емисии на CO2 до крајот на 2030-тите, наместо до 2050-та година.
Истражувачите тврдат дека зголемувањето на емисиите на CO2 од Индија, како и растот на меѓународното воздухопловство, ги зголеми емисиите, додека тие се намалени во ЕУ и САД.
„Практично е сигурно“ дека оваа година ќе биде најтопла во историја со затоплување над 1,5 степени Целзиусови, соопшти Европската служба за климатски промени Коперник минатата недела. Службата додаде дека светот поминува низ „нов пресврт“ на рекордни температури што треба да биде поттик за забрзување на акција на преговорите на ОН за намалување на емисиите кои го затоплуваат планетата.
Еврокомесарката за иновации, истражување, култура, образование и млади, Илиана Иванова, извести дека е потребно шесткратно забрзување на декарбонизацијата на економиите со цел да се достигнат климатските цели. Таа додаде дека 35 проценти од финансирањето за иницијативата Хоризонт Европа, која изнесува 93 милијарди евра во текот на седум години, е наменета за климатски истражувања.
Поттик за поголемо климатско финансирање
Мала група на развиени земји кои во моментов им помогнат на сиромашните земји да се адаптираат на климатските промени сакаат и други богати земји и големи загадувачи, вклучувајќи ги Кина и земјите од Заливот, да им се приклучат. Според 30-годишната логика на ОН, Кина и земјите од Заливот се сметаат за помалку развиени земји-и затоа се приматели на климатска помош.
Додека лидерите разговарале, преговарачите објавија нов нацрт договор за финансирање кој вклучува голем број опции за зголемување на финансирањето, но остава нерешени точки кои долго време го одложуваат договорот.
Повеќето помалку развиените земји добиваат годишна обврска од богатите земји од најмалку 1,3 трилиони долари. Оваа бројка е повеќе од десет пати поголема од 100 милијарди долари годишно кои во моментов ја плаќаат мала група развиени земји – меѓу кои се САД, ЕУ и Јапонија.
Во име на Европската Унија, претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел инсистираше на проширување на опсегот на донатори за климатско финансирање, вклучувајќи ги и развиените како што е Кина.
Премиерката на карипскиот остров Барбадос, Миа Мотли, чија земја е на ризик од целосно потопување, повика на даноци на фосилните горива, поморскиот транспорт и авијацијата за финансирање на климатски политики.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ рече дека земјите кои се подолго време индустријализирани треба финансиски да помогнат за да се осигури дека новите економии не емитуваат толку многу стакленички гасови како вообичаено. Тој се осврна на целта за оваа година да се зголеми сегашната сума од 100 милијарди долари што развиените земји ги доделуваат на помалку развиените земји за климатска транзиција.
– Амбицијата сега е да се удвои таа сума, така што средствата што развиените земји можат да ги дадат во фондот за помалку развиените земји ќе придонесе за транзиција од фосилни горива кон обновливи извори на енергија, рече Пленковиќ.
Данската премиерка Мете Фредериксен истакна дека за земјите во развој да добијат доволна помош е потребен приватен капитал. На самитот, Данска даде конкретен пример за тоа како западните јавни пари може да прераснат во поголеми приватни суми. Со обезбедување на гаранција од 700 милиони дански круни (DKK), Данска ќе обезбеди приватни инвестиции во вкупна вредност од над три милијарди дански круни (400 милиони евра) во помалку развиените азиски земји.
Германија вети шест милијарди евра (6,4 милијарди долари) годишно за климатско финансирање почнувајќи од следната година. Сепак, претходните буџетски планови откриле недостаток во доделувањето на овие средства и климатските активисти предупредуваат дека Германија ризикува да го изгуби кредибилитетот ако не ги исполни обврските.
Претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, рече дека – одржливата енергетска транзиција мора да биде еколошки и социјално праведна“. Таа истакна дека земјите треба да имаат постојан пристап до фондовите за акција за климатска акција пред членство во ЕУ, имајќи предвид средствата потребни за спроведување на законите на ЕУ за климата како дел од предизвикот „Зелена агенда и одржлива поврзаност“ во преговорите за пристапување во ЕУ.
Северна Македонија доби статус на кандидат во декември 2005 година. Пристапните преговори ги отвори во јули 2022 година.
Светските лидери се поделени во однос на климатските акции
Некои лидери во Баку го бранеа користењето на фосилни горива, додека други од земјите погодени од климатски катастрофи предупредија дека времето истекува.
Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, чија земја е богата со енергија и е домаќин на климатските разговори на КОП29, нагласи дека нафтата, гасот и другите природни ресурси се „Божји подарок“.
Премиерот на Тувалу, Фелети Пенатала Тео, инсистираше дека за пацифичките острови како неговиот, „просто нема време за губење“. Тој ги повика земјите да „дадат јасен сигнал дека светот брзо ги укинува фосилните горива“.
Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, го истакна примерот со трагедијата во Валенсија поради неодамнешните поплави со цел да допре до совеста на меѓународната заедница, така што ќе реагира на доказите дека „климатските промени убиваат“ и повика на борба против негаторите. Тој потсети дека поплавите резултираа со 222 смртни случаи.
Најсилните зборови за време на самитот дојдоа од албанскиот премиер Еди Рама, кој се пожали дека „нашите говори полни со добри зборови за климатските промени, не менуваат ништо“. Рама ги нападна многуте лидери кои го пропуштија овогодишниот настан, велејќи дека нивното отсуство ја влошува ситуацијата.
Главниот преговарач на Словенија за климатските промени на КОП29, Тина Кобилшек, предупреди дека-прозорецот за постигнување на целта од 1,5 степени Целзиусови на Парискиот договор брзо се затвора, според најновите наоди на експерти за емисиите на стакленички гасови низ целиот свет. -Знаеме дека оваа година најверојатно ќе биде најтопла од кога било и дека Словенија се затоплува двојно побрзо, рече таа, додавајќи дека сите алармни треба да се вклучат.
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги повика големите сили да обезбедат мир во светот и, пред сè, да ги решат конфликтите во Украина и Блискиот Исток, така што светот би можел да се справи со прашањето за климатските промени. Во неговото обраќање на самитот во Баку, Вучиќ рече дека враќањето на мирот е еден од „заложбите за да се започне со решавање на прашањето за борба против климатските промени“.
Според претседателот на Словачка, Петер Пелегрини, колку повеќе чекаме со борбата против климатските промени, толку повеќе би можеле да изгубиме во однос на нашиот начин на живот, екосистемот и економијата. Тој истакна дека емисиите на Словачка се намалија за речиси 50 проценти од 1990 година, додека последниот рудник за јаглен бил затворен во 2023 година. Тој додаде дека Словачка го рекалибрира својот фокус на форми на енергија со ниски емисии, особено нуклеарната енергија и обновливите извори на енергија.
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, меѓутоа, повика на „реалистично глобално гледиште“ каде декарбонизацијата нема приоритет над „одржливоста на нашето производство и социјалниот систем“. Десничарската лидерка додаде дека мораме да ја заштитиме природата, со човекот во нејзиното срце. Пристап кој е премногу идеолошки и непрагматичен во оваа тема ризикува да не одведе од патот кон успехот.
Конференцијата на ОН за климатски промени се организира по ротирачка основа секоја година помеѓу регионите во светот. Следната година, Белем во Бразил ќе биде домаќин на КОП30 во име на регионот на Латинска Америка и Карибите.
Сторијата се објавува неделно. Содржината се заснова на вести од агенциите што учествуваат во ЕНР.