Брисел – Лидерката на француската екстремна десница Марин Ле Пен изјави во четвртокот во Брисел дека се сомнева во волјата на ЕУ да се зајакне нејзината миграциска политика, истовремено поздравувајќи ги еволуциите по ова прашање од страна на некои држави и лидери на блокот.
„Кога Германија почнува да ги воспоставува контролите на своите граници, кога северните земји почнуваат да велат стоп, тие го слушнале она што го велиме со години“, изјави г-ѓа Ле Пен на нејзиното пристигнување на состанокот на Патриотите за Европа, трета политичка сила во Европскиот парламент.
Овој состанок се одржа во конзуларна зграда на Унгарија, на неколку стотици метри од самитот на лидерите на 27-те земји на ЕУ, кој во четвртокот беше посветен главно на имиграцијата.
Ако некои европски лидери „полека, малку по малку излегуваат од негирање“ пред „нерамнотежите“ предизвикани од доаѓањето на мигранти, „Комисијата, идеолошки, ја посакува оваа имиграција, немам доверба дека ќе го реши овој проблем“, изјави Марин Ле Пен. (17 октомври 2024)