Брисел – Корисниците на социјалните мрежи Facebook и Instagram ќе добијат можност за помалку персонализирано рекламирање. За рекламите ќе се користи само мала количина на податоци како што се возраст, локација и пол, соопшти матичната компанија Meta.
Кој ќе се реши за опцијата со помалку персонализирано рекламирање, ќе добие и реклами кои ќе траат неколку секунди и не ќе можат да се прескокнат. Засега, за персонализирано рекламирање според Meta се користат значително повеќе податоци.
Претходно, ЕУ-комисијата критикуваше дека корисниците на Facebook и Instagram мораат да се одлучат помеѓу месечна претплата за верзија без реклами и бесплатна верзија со персонализирани реклами.
Корисниците без рекламирање ќе биде поевтино
Исто така, цената за користење на платформите без рекламирање ќе биде намалена за 40 проценти. Така, во иднина ќе чини 5,99 евра во верзијата за прелистувач и 7,99 евра како апликација. И луѓето кои ги користат еден или двата сервиси бесплатно, ќе добијат повеќе опции. Meta ја брани изборот помеѓу претплатен абонамент и персонализираното рекламирање како докажан деловен модел и правно дозволен.
Нови законски регулативи на ЕУ
Моментално против Meta и други дигитални компании се вршат истражувања поради нов закон на ЕУ. Таканаречениот Закон за дигитални пазари (Digital Markets Act) ги регулира големите платформи построго, за да не ги користат своите пазарни позиции премногу. Поради овој закон Meta ги вовела абонаментните модели за користење на Facebook и Instagram без рекламирање.
Кој не го почитува законот, може да се соочи со парична казна до десет проценти од вкупниот приход на глобално ниво. За повратници, казната изнесува 20 проценти. (12 ноември)