Скопје – Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во преговори не се влегува само за да се учествува, туку треба да се избориме за успех, додавајќи дека владините претставници го презентираат ставот во однос на почетокот на преговорите со ЕУ и разговорите со Бугарија, но дека е потребно трпение.
– Не сум во оваа приказна само за да учествуваме, туку да завршиме со успех. Тоа е суштината на целиот овој процес. Не е суштината да го смениме Уставот до следната пречка за шест месеци. Не е тоа со мандат „од – до“, туку процес кој трае, не е процес кој сега ќе почне и следната недела ќе заврши, рече премиерот Мицкоски во емисијата Само интервју на Канал 5 телевизија.
Мицкоски смета дека ако се сака, се има и начин за да нема билатерализација на целиот процес и да нема повеќе никакви пречки. Прашан на кој начин сакал унгарскиот премиер Виктор Орбан да посредува во разговорите со ЕУ, премиерот рече дека намерата му била да ги повика него и бугарскиот претседател во Будимпешта на разговори како претседавач со Европската унија.
– Нека биде Европска унија арбитер, претседавачот со ЕУ не кани во Будимпешта да ги решиме однапред сите прашања, да не биде етапно и да нема повеќе пречки понатаму и да нема билатеризација на овој процес. Веднаш да почнеме, рече Мицкоски.
Тој нагласи дека мора да бидеме добри соседи, но барањата треба да се објективни, а не билатерални, и ако континуирано едни со други се напаѓаме со аргументи од средниот век, тогаш нема да излеземе од ова мочуриште. (3 октомври)
MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.