Братислава – Претседателот на СР Петар Пелегрини, потпретседателот на Националниот совет на СР кој е овластен да го раководи Петар Жига (Хлас-СД) и претседателот на владата на СР Роберт Фицо (Смер-СД) на 1 септември потпишаа заедничка изјава за единствен пристап во прашања на надворешната политика. Во меморандумот тие декларираат цврсто втемелување на Словачка во Европската унија (ЕУ) и Северноатлантската алијанса (НАТО). За тоа известува ТАСР.
Со својот потпис, потписниците истакнуваат дека СР ќе биде земја која ќе ги застапува своите ставови во надворешната политика без да го доведува во прашање цврстото членство во ЕУ и НАТО. Тие декларираат дека ќе го поддржуваат и промовираат овој основ, вклучувајќи и отворање на теми кои можат да ги подобрат односите во рамките на ЕУ и НАТО.
“Словачка сака да остане валиден член на ЕУ и НАТО, целосно свесна за своите права, сакаме да бидеме горди членови на овие заедници,” истакна претседателот на СР по потписувањето на меморандумот. Претседателот потсети дека и Уставот на СР, којашто Словачка го обележува на 1 септември, изразува желба за создавање на земја која е валидна и суверена дел од меѓународните структури кои на членките држави им гарантираат безбедност и споделување на истите цивилизациски вредности. Тој ја истакнува важноста на чинот со кој тројцата највисоки функционери со својот потпис на меморандумот за насоката на надворешната политика на СР го признаваат обврзувањето да ја задржат Словачка во заедниците “во кои сакавме и сакаме и понатаму да бидеме”.
Претседателот на владата Фицо го поврза меморандумот со уставот и неговиот член за суверенитетот на Словачка. “Важно е тројцата највисоки уставни функционери да дефинираат што значи суверенитетот во надворешната политика. Словачка е мала земја, но е суверена и независна, и тоа мора да се покаже и во надворешната политика,” истакна Фицо. Според него, меморандумот јасно кажува каде се наоѓаме и во каков животен простор живееме. Поради тоа тој силно го одбива заплашувањето со навестувањата за напуштање на меѓународните заедници. “Никој од нас не го доведува во прашање овој животен простор,” предупреди Фицо, кој го истакнува и мирното послание на меморандумот.
Во меморандумот тројцата највисоки уставни функционери се придружуваат и кон поддршката на надворешната политика која ќе ги одбие обидите за различни ставови спрема поединечните држави и ќе ја застапува надворешната политика на сите четири страни на светот. Според меморандумот, Словачка ќе се залага за мирни решенија на конфликтите и меѓународни решенија и мерки кои нема да ги штетат интересите на СР.
Во меморандумот се обврзуваат да го поддржуваат принципот на колективна одбранбена способност како единствена гаранција за целосна безбедност на граѓаните на Словачка. Тројцата уставни функционери се обврзуваат и за заштита на придобивките на шенген зоната и исто така за одбрана од нејзиното злоупотребување во форма на нелегална миграција. Исто така се обврзуваат да создаваат услови на домашната политичка сцена за отворен дијалог “за претставниците на СР да зборуваат со еден јазик во надворешнополитичките прашања”. (1 авгусут)