AFP, dpa, EFE, Lusa, STA, Tanjug
Шефовите на ЕУ не успеаја да постигнат договор околу изборот на највисоките функционери во Унијата после европските избори и неформалната средба во Брисел во понеделникот.
Иако состанокот првично беше планиран за размена на мислења околу преговорите, неколку имиња влегоа во игра поддржани од повеќето шефови: Урсула фон дер Лајен од германската конзервативна партија за шеф на Европската комисија, поранешниот социјалистички португалски премиер Антонио Кошта за претседател на Европскиот совет и сегашната либерална премиерка на Естонија, Каја Калас, која треба да биде новиот шеф на европската дипломатија.
„Нема да се повтори ситуацијата од 2019 година со големата томбола и хаосот кој траеше три дена“, рече холандскиот премиер Марк Руте и додаде „Не е исто. Сега работите се појасни“.
Европска народна партија (ЕПП) исто така предложи да се промени традицијата од два последователни мандати од две и пол години за улогата на претседател на Европскиот совет. Нивната идеја беше да се отвори можноста да се подели позицијата помеѓу нив и друга партија, со тоа што двете би служеле по еден мандат.
ЕУ лидерите повторно ќе се сретнат наредна недела во Брисел да дискутираат околу трите високи позиции. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, нагласи дека „колективна должност е да се донесе одлука“.
Поддршка од левицата и десницата
Најголемиот пан-европски политички блок-ЕПП-победник на европските парламентарни избори кои се одржаа 6-9 јуни, ја потврдија кандидатурата на Урсула фон дер Лајен од германска конзервативна партија за уште пет години на чело на Европската комисија.
За да ја осигура поддршката од лидерите на ЕУ, неа ѝ треба поддршка од „квалифицирано мнозинство“ од 15 о 27-те земји-членки или 65 проценти од популацијата на блокот.
Неколку лидери доаѓаат од нејзината политичка група, но исто така ќе треба да го придобие францускиот претседател Емануел Макрон од центристичката партија Да ја обновиме Европа и германскиот канцелар Олаф Шолц член на Социјалдемократската партија на Германија.
Шолц за време на интервјуто во саботата го постави темелот за номинацијата на фон дер Лајен. „Очигледно е дека резултатите од изборите покажуваат кон вториот мандат на Урсула фон дер Лајен“, рече Шолц.
Словенечкиот премиер Робет Голоб отворено ја поддржа фон дер Лајен. „Нашето искуство со претседателката на Европската комисија е многу позитивно“, рече тој во врска со нејзината инструменталната улога во помагањето на Словенија да добие „изобилство финансиска помош од Брисел“ после ужасните поплави од август 2023 година.
Втората најголема партија во парламентот-Социјалдемократската партија на Германија, се фокусираа на позицијата претседател на Европскиот совет на чело со Антонио Коста. И покрај тоа што беше вмешан во истрага за корупција, при што беше приморан да даде оставка во ноември, 2023 година, тој полека се подготвува да го наследи Шарл Мишел.
Назначувањето на 47 годишната Калас-гласен критичар на Кремљ-за шеф на европската дипломатија испрати јасна порака до источниот блок во ЕУ. Пред почетокот на разговорите, најголемата источна сила на блокот, Полска, излезе со поддршка за Калас.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан го критикуваше резултаот од разговорите во понеделникот велејќи ,,нив не им е гајле за реалноста, ниту им е гајле за резулататите од европските избори“ и дека ,,нив не им е гајле за европските граѓани“.
Што следно?
Лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ ќе се треба да изгласаат договор на формалниот самит во Брисел кој ќе се одржи од 27 до 28 јуни. Се очекува фон дер Лајен да добие доволно гласа од лидерите на ЕУ за да може да почне да ги избира комесарите од секоја земја-членка, земајќи ги предвид рамнотежата на половите и политичката припадност.
Но, пред неа стои уште една препрека: новиот Европски парламент мора да ги одобри членовите.
Преговори за другите две позиции-со Коста и Калас на чело-исто треба да продолжат после самитот.
Четвртата работа во игра е таа на претседателот на Европскиот парламент, која е изгласана од страна на законодавен орган, не лидерите. Веројатно, позицијата ќе и се врати на сегашниот член на ЕПП, Роберта Метсола, со уште еден мандат од две и пол години.
Андреј Пленовиќ, премиер на Хрватска, потсети дека во повеќе работи ќе се во игра од овие високи функции во Брисел. „Тука е и генералниот секретар на НАТО, генералниот секретар на Советот на Европа, неодамна избраниот претседател на Европската инвестициска банка-и во целиот овој контекст е неопходно да се види како волјата на гласачите се одразува на европските избори и како се одразува сегашната состојба на владите во одредени земји,“ рече тој.
Сторијата се објавува неделно. Содржината е заснова на вести од агенциите кои учествуваат во ЕНР.