Љубљана/Сараево – Словенија испрати во БиХ, која последниве денови беше погодена од силни поплави, единица за пребарување и спасување во урбани средини и единица со спасувачки кучиња. Конвојот денес пристигна во БиХ. Вкупната вредност на помошта ќе изнесува до 250.000 евра, делумно ќе биде вратена од Европската комисија.
Конвојот од 16 возила со 46 припадници на цивилната заштита и спасување заедно со шест кучиња од логистичкиот центар во Роје кај Љубљана тргна во недела малку по 12 часот. Утрото веќе пристигна во БиХ, каде што ќе биде упатен во градот Коњиц. Портпаролот на Херцеговско-неретванскиот кантон Дарко Јука ѝ се заблагодари на Словенија за помошта.
“Се работи за навистина катастрофални услови на инаку релативно многу густо населено место, што го отежнува спасувањето, бидејќи нема простор за голема градежна и друга механизација,” го истакна генералниот директор на словенската управа за заштита и спасување Леон Бехин при заминувањето на конвојот од Словенија.
Словенските екипи ќе помогнат да се “одкопаат објекти, да се пронајдат живи, и со кучиња, или да се најде, што се може да се најде, со оглед на големиот број на исчезнати лица, истовремено и да очистат и спречат понатамошно поплавување”. Притоа ќе вршат и обнова на објектите, ќе помагаат при чистење на комуникациските и комуналните водови и сè друго.
Вкупната вредност на словенската помош ќе изнесува до 250.000 евра, а Европската комисија ќе ја врати во висина од 75 отсто на транспортните и некои оперативни трошоци на делувањето на единиците.
БиХ беше погодена од тешки поплави, свлечишта и големи камени лавини во ноќта на петокот поради обилни дождови. Според последните податоци во Долна Јабланица загинаа 15 луѓе, а еден човек во Коњицу. Вкупно се исчезнати девет лица. (7 октомври)