“`html
Братислава – Вкупните трошоци на рафинеријата Словнафт за модифицирање на технологијата на обработка на нафта, кои беа предизвикани од санкциите на ЕУ воспоставени на Русија, се движат на ниво од 200 милиони евра. Завршувањето на инвестициските проекти е планирано за 2027 година и треба да и обезбеди на компанијата поголема флексибилност за обработка на алтернативни нафти со различни квалитети. Ова го изјави технологот на рафинеријата Јозеф Жужов во рамките на подкастот на компанијата Словнафт Токс, информира ТАСР.
Дизајнот на првобитната технологија, кој беше насочен кон обработка на потешка руска нафта, според Жужов не се променил значително од изградбата на рафинеријата. Новите инвестиции така треба да бидат насочени кон работа со полесна нафта, која според експертот е повеќе достапна на пазарот со оваа стока.
По почетната инвестиција од 2015 година која беше поврзана со увоз на нафта преку нафтоводот Адриа требаше да се помогне на развојот на нови технологии. “Тоа што ни помогна, беше инвестицијата која ја реализиравме во 2020 година, и тоа беше сосем нов резервоар за нафта, кој е најголемиот кој го имаме,” понатаму изјави Жужов, според кој новиот резервоар значително помогнал на компанијата со прием на алтернативни нафти. Благодарение на него треба да биде возможно пофлексибилно да се подготвуваат соодветни смеси, што беше тогаш ограничено поради ограничениот број на резервоари за нафта.
Експертот додаде дека системот за транспорт на нафта од Хрватска преку нафтоводот Адриа е покомплициран од оригиналниот, при што времето потребно за испорака се движи во опсег од една до две недели. “Тоа е систем кој транспортира нафта не само во Словачка, туку и на југ во Унгарија, во Хрватска, во Србија. Тоа значи дека тоа е малку покомплициран систем, каде се разбира превозникот, пред се хрватскиот, мора да ги земе предвид сите барања кои му се поставени,” објасни Жужов.
Важноста на изземањето за извоз на производи произведени од руска нафта, која и беше дадена на Словачка од ЕУ, што важеше и за рафинеријата Словнафт, заврши минатата недела на 5 декември. Министерството за економија, како и претставници на словачката дипломатија се обидуваат да ја продолжат важноста на изземањето на тлото на Европската унија. (10. декември)
“`