Штип – Општина Штип заедно со бугарската општина Гоце Делчев ќе работи на развој на туризмот, преку меѓуграничен проект финансиран од фондовите на ЕУ со кој е предвидено целосно уредување на штипско Ново Село, со што ќе се подобри и визуелниот изглед, но и туризмот во градот.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов изјави дека куќите, кои Општината ги доби како подарок од кардиохиругот Жан Митрев, а кои сега се наоѓаат во лоша состојба и се речиси пред распаѓање ќе бидат целосно реставрирани, а со ова придобивки ќе има за сите.

– Со овој проект ќе биде опфатена една куќа за сместувачки капацитет во Ново Село. Дополнително ќе бидат реставрирани неколку други куќи, со што визуелно ќе се подобри амбиентот во Ново Село. Сместувачкиот капациет во бањата Кежовица ќе биде реконструиран, а ќе има и целосно уредување на изворот Л`џи, вели Јорданов (14 февруари) 

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.