На 15 октомври Албанија ќе биде првата меѓу земјите кандидати што ќе ги отвори преговорите за членство според ревидираната методологија за проширување на Европската Унија што ќе биде клучен момент за земјата од Западен Балкан.
Министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани ја оцени Втората меѓувладина конференција меѓу Албанија и Европската Унија како историскиот момент на Албанците.
Шефот на албанската дипломатија рече дека Албанија ги заврши задачите. “Албанија оди добро организирана, јасна во тоа што бара, убедена дека ќе ги претставува своите најдобри вредности. Сега владата го исполни најголемиот дел од своите обврски. Целокупниот напор е напор на целото албанско општество да продолжиме со работата што ја постигнавме до денес”, рече тој.
Хасани рече дека Албанците треба овој датум да го сметаат за нивен историски момент, а не на некоја група или поединец вклучен во него.
И претседателката на парламентот на Албанија, Елиса Спиропали рече дека конференцијата е заслужено достигнување на Албанија и Собранието ќе продолжи да го зајакнува лидерството, демократскиот легитимитет и инклузивниот карактер на процесот на членство.
Утре на 15 октомври се очекува да се одржи втората меѓувладина конференција Албанија-ЕУ во Луксембург, каде ќе биде отворена првата група на поглавја што ги покриваат основните реформи, отворајќи го патот за почеток на преговорите за други групи. (14 октомври)