Мицкоски го доби Извештајот од ЕК: Реална слика, нема отстапување од реформите

Мицкоски го доби Извештајот од ЕК: Реална слика, нема отстапување од реформите

Човек мора реално да пристапи на работите и реално да разговара за заедничките предизвици кои ни престојат како држава. И без овој извештај како прв човек на Владата знам дека граѓаните живеат тешко и дека ни се потребни крупни чекори напред, клучни реформи и она што можеби за мене претставува клучен приоритет – борбата против корупцијата. Сепак е добро кога ќе се добие и квантификација и една реална слика за состојбите, рече Мицкоски.  

ЕК утре ќе го усвои Пакетот извештаи за напредокот во процесот на проширување 

ЕК утре ќе го усвои Пакетот извештаи за напредокот во процесот на проширување 

Во Извештајот се анализира на напредокот постигнат од страна на земјите кандидати и потенцијалните кандидати за членство во ЕУ, предизвиците со кои тие се соочуваат и реформите што треба да ги спроведат.  

Мицкоски: Беспредметно е сега да се испраќа писмо до ЕУ, предлагаме уставните измени да важат откако Бугарија ќе го ратификува Пристапниот договор

Мицкоски: Беспредметно е сега да се испраќа писмо до ЕУ, предлагаме уставните измени да важат откако Бугарија ќе го ратификува Пристапниот договор

За да почне процесот на уставните измени потребно е она што ние го предлагаме да биде прифатено, а тоа е кога бугарскиот Парламент ќе го рафитикува Пристапниот договор на нашата земја во рамките на Европската унија, да важат тие уставни измени. Мислам дека е тоа фер решение за сите. Друг тип на уставни измени додека сум јас премиер нема да има, ултиматуми и диктати нема да прифаќам, рече Мицкоски.

„Нови решенија“ и построги акции: новости за миграцијата во ЕУ и нејзините соседи 

„Нови решенија“ и построги акции: новости за миграцијата во ЕУ и нејзините соседи 

Реформиран Пакт за миграција и азил беше усвоен на почетокот на годината, по години на долги и тешки преговори. Неколку месеци и избори подоцна, ставот за миграцијата во ЕУ станува се построг, со повици за „нови решенија“ за справување со нелегалната миграција во пресрет на подемот на десничарски идеологии на целиот континент. 

ЕК: Не беше намерата на Шуиќа да скрие нешто од јавноста

ЕК: Не беше намерата на Шуиќа да скрие нешто од јавноста

Комисијата ја брани потпретседателката за демократија и демографија од обвинувањата дека не ги пријавувала состаноците со лобистички групи. Тоа пропуштање на хрватската членка на колегиумот на довереници не е направено со намера да се скрие нешто и веднаш е исправено, велат во Комисијата.