Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

AFP, ANSA, BTA, EFE, HINA

Да го затвори јазот со конкурентите, да продолжи да ја поддржува Украина во војната со Русија, да ја одржи силната трансатлантска врска и да ги подобри одбранбените способности во целост се едни од главните предизвици со кои ќе се соочува Европската унија во 2025. 

На источното крило од блокот кој се состои од 27 членки, Русија е во војна против Украина од 2022. Голем предизвик на ЕУ ќе биде да ја продолжи финансиската, воената и дипломатска поддршка на Украина додека истовремено ги зајакнува своите одбранбени способности. 

Враќањето на власт на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, во јануари може да биде од одлучувачко. Европските лидери стравуваат дека тој би можел да ја наруши европската безбедност и да ја повлече поддршката за Украина, а истовремено да започне трговска војна со големи царини за европските стоки. 

Трансатлантските односи помеѓу САД и Европа се очекува да станат потензични, слично како во првиот мандат на Трамп од 2017 и 2021. Не само што ќе има брутални економски реперкусии од заканата од тарифи, туку исто така тоа ќе ја поткопа довербата во односите. 

Друга жешка тема во ЕУ ќе биде конкурентноста на нејзината економија во услови кога ЕУ забрзано заостанува зад САД и Кина, особено во полето на висока технологија и иновации. 

Во внатрешната политика на ЕУ, особено значаен проблем е вакуумот во лидерство во Германија и Франција, најголемите земји-членки на Унијата. Двете држави долго време се сметаа за движечка сила на Европската интеграција. 

Уште една година на одлучувачки избори 

Во Германија, владата на социјалдемократот Олаф Шолц, ќе остане на власт до предвремените избори кои се закажани на 23 февруари. Во моментов, Фридрих Мерц од демохристијаните, кој води во анкетите, има шанси да стане новиот германски канцелар. 

Во Франција, политичка нестабилност следеше по предвремените парламентарни избори во јуни, објавени од Претседателот Емануел Макрон. Тие се одржаа откако француската крајна десница котираше високо на Европските избори. Откако екстремно десничарскиот Национален фронт (РН) победи на првиот круг на парламентарните избори, партијата изгуби на вториот круг како резултат на изборниот пакт помеѓу левичарските партии и центристите на Макрон. 

На 13 декември, Макрон го именува центристот Франсоа Бајру за премиер со што му ја препушти тешката задача да ја извлече Франција од политичката криза, која траеше со месеци. Бајру е шестиот премиер за време на мандатот на Макрон и четвртиот премиер на Франција во 2024. Тој беше именуван набрзо откако парламентот ја собори владата на Мишел Барние откако гласаше за недоверба на владата поради несогласување околу буџетот за штедење. 

Во меѓувреме, лидерката на РН, Марин Ле Пен и други лица поврзани со партијата моментално се на судење за наводна проневера на фондови на ЕУ со исплати на вработени во партијата со пари од ЕУ наменети да се платат парламентарните помошници во период од 2004 и 2016. Пресуда ќе се донесе на 31 март – исходот ќе биде клучен за амбициите на Ле Пен да го наследи Макрон како претседател на изборите во 2027. 

Полскиот премиер Доналд Туск, чија земја моментално претседава со ротирачкото претседателство на Советот на Европската унија од шест месеци, до јуни, е еден од оние кои се стремат да го пополни вакуумот на моќ во ЕУ, оставен од Франција и Германија. Истата амбиција ја имаат и главните луѓе во институциите на ЕУ: претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и шефот на надворешни работи и поранешната премиерка на Естонија, Каја Калас, како и Марк Руте, генералниот секретар на НАТО Алијансата. 

Полска ќе одржи претседателски избори во мај 2025. 

Во Романија, првиот круг на претседателските избори во кои Калин Георгеску, про-рускиот десничар, извои изненадувачка победа, беше поништен поради руско мешање во изборниот процес на почетокот на декември. Нови избори ќе се одржат во февруари или март. 

Бугарија исто така е исправена пред обврската да формира стабилна и регуларна влада по две предвремени изборни процеси во 2024 – на 9 јуни и 27 октомври. Од 2021, граѓаните на Бугарија гласаа седум пати во четири години. 

Формирањето на трајно мнозинство во парламентот се покажа како навистина тешка задача со политичките чинители кои дефинираа цврсти линии за прашања како улогата на Бугарија во ЕУ, позицијата на земјата за војната во Украина и усвојувањето на еврото како национална валута. 

Зајакнување на економската конкурентност на ЕУ 

Со оглед на намалената конкурентност на блокот, агендата на новата Комисија во голема мера ќе се потпира на извештај од поранешниот претседател на Европската централна банка и поранешниот премиер на Италија, Марио Драги во септември. 

Комисијата се очекува да го објави „Компасот на конкурентност“ на 15 јануари, кој се заснова на три столбови од извештајот на Драги: затворање на иновативниот јаз со САД 

и Кина; декарбонизација и конкурентност; и зголемување на економската сигурност додека се намалува зависноста. 

Во февруари, Комисијата се очекува да го презентира „Планот за чиста индустрија“, кој има за цел да ја интегрира климатската заштита со индустриската политика. 

За да може европската економија да се натпреварува со САД и Кина, според извештајот на Драги, дополнителни инвестиции од речиси 750 до 800 милијарди евра годишно се потребни. Затоа, како да се обезбедат овие средства ќе биде клучно прашање во периодот што следува. 

Ова е тесно поврзано со прашањето на следниот седумгодишен буџет, познат како повеќегодишна финансиска рамка (МФФ) за периодот 2028-2034. Комисијата ќе презентира предлог за новиот МФФ во втората половина на оваа година. Средства од сегашниот седумгодишен буџет (2021-2027) може да се повлечат до 2030. 

Антонио Кошта, претседател на Европскиот совет Фото: Европски совет

Иновативната улога на Кошта во Европскиот совет 

Поранешниот премиер на Португалија, Антонио Кошта, дојде на чело на Европскиот совет на 1 декември и внесе свежина во институцијата. Таа е највисокото политичко тело на ЕУ, во кое се шефовите на држави и влади на земјите-членки на ЕУ за да ја дефинираат политичката насока на ЕУ. 

Еден од големите новитети во 2025 за европските институции е дебито на иновативните семинари, осмислени од Кошта. Тие ќе ги заменат неформалните самити на лидерите на ЕУ. 

Првиот семинар ќе се одржи во Белгија на 3 февруари, а локацијата допрва треба да се објави. Тема ќе биде улогата на Европа во одбраната. 

Полското претседателство со Советот става акцент исто така на безбедноста на Унијата. Советот на ЕУ, кој е посебна институција од Европскиот совет, обединува министри од секоја земја кои се среќаваат во различни конфигурации во зависност од областа која е предмет на дискусија. 

Семинарите на Кошта се замислени како места каде лидерите на ЕУ ќе може да се повлечат и да имаат сесии за размена на идеи за да ги искажат нивните проблеми и да се обидат да најдат решенија заедно. На првиот семинар, Кошта го покани шефот на НАТО Руте на појадок и британскиот премиер Кир Стармер на вечера. 

Првиот официјален самит на Европскиот совет во 2025 ќе се одржи на 20-21 март во Брисел. 

Четири членки на Европскиот совет – од Австрија, Белгија, Бугарија и Ирска – во моментов го имаат статусот на в.д. лидери бидејќи се уште не се формирани влади откако биле одржани парламентарни избори. 

Сторијата се објавува неделно. Содржината се заснова на вести од агенциите што учествуваат во ЕНР.