Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

by AFP, Agerpres, AMNA, ANSA, APA, Belga, BTA, CTK, dpa, EFE, Lusa, STA, TASR 

Министрите на ЕУ едногласно го усвоија Законот за вештачка интелигенција (AI Act), нов историски закон кој треба да ја регулира трансформативната технологии во „ризични“ ситуации, како што се полицијата и при вработување.

„Усвојувањето на Законот за вештачка интелигенција е важен чекор за ЕУ. Овој историски закон, прв во светот, има за цел да се справи со глобални технолошки предизвици, но и да креира можности за нашите општества и економии“, рече белгискиот државен секретар за дигитализација, Матју Мишел.

На глобално ниво, вештачката интелигенција (ВИ) е строго надгледувана. Во Сеул, Јужна Кореја се одржа меѓународен самит за ВИ, организиран од Јужна Кореја и Велика Британија. Земјите кои учествуваа ветија да соработуваат заедно против потенцијалните штети од ВИ, вклучително и нејзината способност да избегне човечка контрола.

Законот на ЕУ ја дозволува или забранува употребата на ВИ во зависност од ризикот кој го генерира за луѓето и идентификува високо-ризични системи кои можат да се користат само ако се докаже дека може да почитуваат основни човечки правила.

Каква ВИ се вбројува во законот?

Системи на ВИ за биометриска категоризација базирана на политички, религиозни, филозофски, расни или сексуални определби ќе бидат забранети. Системи кои рангираат луѓе врз основа на нивното однесување или лични карактеристики или ВИ способна да манипулира со човечкото однесување исто така ќе се забранети за употреба.

Ќе бидат забранети и системи за проширување или создавање бази на податоци од човечки лица, снимени неселективно преку инетернет или аудиовизуелни снимки. Сепак, некои исклучоци се дозволени, така што безбедносните сили можат да користат биометриски камери, секогаш со судско овластување, пример за спречување терористички напади.

Законот исто така предвидува дека содржината генерирана со ВИ, како што се пораки, слики или видеа, ќе мора да бидат означени како такви. Ова треба да помогне да се заштитат гледачите од погрешни содржини, како што е „дипфејк“содржини (Deepfakes).

Системите со висок ризик ќе треба да добијат сертификат од одобрени тела пред да бидат пуштени на пазарот. Нова „Канцеларија за вештачка интелигенција“ (AI Office) ќе го надгледува спроведувањето низ ЕУ. Неуспехот да се почитува регулативата може да доведе до казни од 35 милиони евра или седум проценти од годишниот приход на компанијата, во зависност од видот на прекршокот.

Притисок од Португалија за справување со ВИ

Европската комисија првпат го предложи законот во април 2021 година, додека Португалија претседаваше со Советот на ЕУ.

Една од амбициите на португалската влада-со социјалистичко малцинство-беше да се направи притисок за усвојување на првиот закон за ВИ од страна на ЕУ, основан врз транспарентност и почит кон човекови правила.

„Придонесуваме големо значење кон правната рамка на ВИ. Станува јасно дека тоа е основа за зголемена продуктивност и има голем потенцијал за раст“, рече тогашниот министер за економија Педро Сиза Виеира во јануари 2021 година.

Законот за ВИ веќе доби поддршка од мнозинството членови на Европскиот парламент во март 2024 година. Двајцата известувачи за законот беа италијанскиот европратеник Брандо Бенифеи и романскиот европратеник Драгош Тудораче.

По едногласното гласање меѓу министрите за финализирање на Актот за ВИ, тој мора да биде потпишан од претседателите на на законодавниот дом на ЕУ, а потоа објавен во Службениот весник на ЕУ. Потоа тој технички станува закон 20 дена подоцна, но негови различни одредби ќе стапат во сила постепено во текот на наредните две години.

Предизвици за фазата на имплементација

Со завршувањето на законодавниот процес, земјите членки на ЕУ ќе треба да ја имплементираат регулативата во нивното соодветно национално законодавство-при што некои претставници на министерскиот состанок претходната недела посочија на идните предизвици.

„Се обидовме да најдеме рамнотежа помеѓу двата пристапа за да се развие ВИ и за, на пример, помалите компании да не бидат обземени од бирократијата, но во исто време  употребата на ВИ во европската средина е ограничена“, рече чешкиот премиер за дигитализација и министер за регионален развој, Иван Братош.

Него го поддржа словачкиот министер за инвестирање, регионален развој и информатика, кој изјави дека „ова претставува можност за учење“ и додаде дека „истовремено, многу е важно да се имплементираат конкретни чекори кои ќе создадат цврста основа за понатамошно развивање“.

Бугарската техничка влада го поддржа усвојувањето на Законот. Бугарскиот шеф на Здружението на претприемачи, Добромир Иванов, посочи дека Законот за ВИ е правиот чекор, но дека е многу важно да се внимава што треба да се направи понатака. Тој додаде дека имплементацијата не треба да е премногу строга или да ги уништи локалните компании.

За време на дискусијата на конференцијата на здравствени системи и предизвици во иднина која се одржа во Грција, премиерот Кирјакос Мицотакис зборуваше за применувањето на ВИ во здравството. Поточно, тој нагласи дека при процесирање на податоци од пациенти со користење ВИ, многу е важно тоа да се направи безбедно.

Потребни се експерти за ВИ

Словенечкиот министер за дигитална трансформација, Емилија Стојменова Дух, предупреди за недостатокот на експерти за ВИ. „Во моментов, не само во Словенија, туку и во Европа, немаме доволно квалификувани експерти, па затоа треба да работиме на тоа“.

Таа смета дека експерти од сите земји-членки треба да учествуваат во регулаторниот орган на ЕУ за ВИ, кој веќе е воспоставен од Европската комисија. Ова исто така ќе го олесни спроведувањето на законот во земјите-членки, рече таа.

Во Романија, изградбата на првиот истражувачки институт за ВИ започна минатата недела на Техничкиот универзитет во Клуж-Напока. Институтот ќе се фокусира на развој на решенија за ВИ за витални области како што се здравјето, транспортот, сајбер безбедноста и повеќе, со најсовремени ресурси и можности за студентите и истражувачите да работат на проекти со глобално влијание.

Сторијата се објавува неделно. Содржината е заснова на вести од агенциите кои учествуваат во ЕНР.