AFP, Agerpres, ANP, ANSA, APA, ATA, BTA, dpa, HINA, Lusa, MIA, STA
После остриот пад за време на пандемијата, европската туристичка индустрија полека закрепнува во 2023 и 2024 година и се приближува до нивоата пред пандемијата, додека пак некои земји ги надминаа и тие нивоа.
Во првиот квартал од 2024 година, 452.6 милиони преноќиле во земјите на Европска Унија, раст од 7% во споредба со истиот период во 2023 година, според истражување од Евростат објавено претходната недела.
Странски посетители сочинуваат 45 отсто од вкупниот број ноќевања во првите три месеци од 2024 година, непропорционално во земјите-членки на ЕУ. Најголем број ноќевања од странски посетители од почетокот на годината имало во Малта (91%), Кипар (87%), Луксембург (82%) и Австрија (78%).
Следни на листата се: Португалија, Хрватска, Шпанија, Словенија, Латвија и Белгија. Последни на листата се Германија, Романија и Полска, кои сочинуваат 20% од вкупниот број.
Додека земјите како што се Шпанија, Грција и Португалија беа познати како Клуб Мед-нации за време на европската криза пред 15 години, сега овие земји ги надминуваат своите северни соседи-благодарение на ребрендирање на туризмот.
Овие три земји мораа да ги пребродат суровите мерки за штедење наметнати од партнерите на ЕУ во раните двеилјадити, кои брзо ја обвинуваа фискалната неодговорност и недостатокот на конкурентност за нивните економски проблеми.
Но „ситуацијата се промени“ со крајот на пандемијата, рече Золт Дарвас, економист на Бруегел тинк тенкот во Брисел. „Денес, тие земји имаат поголем раст од просечниот на ЕУ и веќе не се сметаат за црни овци“.
Светла точка: туризмот после пандемијата полека закрепнува
Туризмот во овие три земји достигна рекордно ниво претходната година со укинувањето на рестрикциите за патување. Ова исто така беше помогнато од фондот за закрепнување од ковид-19 на ЕУ, чии грантови и заеми во замена со структурни реформи многу им помогна на јужните земји.
Целокупниот БДП на Шпанија порасна за 2,5% од претходната година, додека економијата на Португалија доживеа пораст од 2,3 отсто, а Грција за 2 отсто. Во споредба со растот од 0.4 проценти за останатите 27 земји-членки на ЕУ, кои се негативно погодени благодарение на германската економијата која се намали за 0,3 проценти, што ја прави најлоша голема економија во светот во 2023 година.
Италијанскиот туристички сектор бележи најголем пораст на туристи во 2023 година, регистрирајќи пораст од 13,4% за посети, 9,5% од ноќевања, во споредба со 2022 година, според најновите бројки од италијанскиот орган за статистика Истат и Министерството за туризам. Во извештајот се вели дека новите бројки ги надминуваат оние од пред пандемијата во 2019 година.
Туризмот во Словенија достигна рекордни бројки и покрај ужасните поплави кои ја погодија земјата лани. Словенија, која има околу 21 милиони жители, примила 6,2 милиони туристи или 5,5% повеќе во споредба со 2022 година, што претставува 0,6% помалку од 2019 година. Ноќевањата пораснаа за 3,5% од година на година и достигнаа рекорден број од 16,1 милион, надминувајќи ги оние од 2019 година за 2 отсто.
Сепак, индустријата се соочи со голем број на предизвици во последните години, од кои еден е хроничен недостаток на персонал. Истражување од управувачката консултантска компанија Делоит и Австриското друштво на хотелиери (ОХВ) покажа дека високите трошоци, недостигот на персонал и слабата економија се најголемиот товар.
ЕУ го поддржува туризмот во соседството на блокот
Во Северна Македонија, бројот на туристи во периодот од јануари до април 2024 година се зголемил за 15,3%, во споредба со истиот период лани, додека бројот на ноќевања исто така се зголемил за 15,2%. Голем број од посетителите се од Турција, Германија, Србија, Грција, Бугарија, Хрватска и Словенија.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот моментално работи на спроведување на програмата Interreg IPA-CBC „Above“ за прекугранична соработка со Грција, поддржана од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на ЕУ, наменети за поддршка на земјите во регионот на проширување на ЕУ.
Албанија беше посетена од 10,1 милиони туристи претходната година-пораст од 35% во споредба со 2022 година, кога земјата броеше 7,5 милиони туристи.
Нагорниот тренд продолжи во првите месеци од 2024 година каде 974,000 странски туристи ја посетиле Албанија во мај, што го зголемува вкупниот број на туристи на 3,3 милиони во првите пет месеци од годината.
Бугарија и Хрватска: усвојувањето на еврото е значајно за туризмот
Полина Карастојанова, извршен директор на Националниот одбор за туризам на Бугарија, изјави за време на економски форум во Софија дека е важно за Бугарија како туристичка дестинација да стане дел од еврозоната. Таа додаде дека туристичката индустрија е еден од ретките сектори во земјата кој има најголем потенцијал за раст.
Мислав Бркиќ од Хрватската национална банка кој присуствуваше на конференцијата за ризиците и предизвиците од преминувањето на еврото во Хрватска, која се одржа на крајот на мај, тврдеше дека земји како Хрватска, која се приклучи на еврозоната на 1 јануари 2023 година, и Бугарија би имале најголеми бенефиции како дел од монетарна унија. Тој рече дека со воведување на еврото, Хрватска станала побезбедна за пазарите, а ќе има и позитивно влијание врз туризмот.
Туризмот во Хрватска претставува голем дел од економијата- 20 проценти од бруто домашниот производ. Според податоците на Евростат, Хрватска е на второ место во однос на зголемување на странските ноќевања во првиот квартал од 2024 година, со раст од 22 проценти во споредба со истиот период минатата година.
Справување со пренаселеност
Додека зголемувањето на нивото на туризмот во Европа е позитива за локалните и националните економии, пренаселеноста за време на хаотичните празнични сезони како што се летата предизвикува незадоволство кај жителите од популарните земји на континентот.
Зачестената појава на веб-страници како што е ЕрБНБ помогна во создавање масовен туризам, нелегални изнајмувања и притисок врз пазарот на домување, изјавуваат членовите на Европскиот парламент (ЕП).
Жителите од некои италијански градови како што се Венеција, Рим и регионот на Тоскана, бараат подобра контрола и рестрикција на брановите посетители. Со цел да се намали бројот на посетители, Венеција воведе дневни такси.
Во Шпанија, градоначалникот на Палма де Мајорка Хамес Мартинез презентира серија планови со цел да се спротивстави на масовниот туризам во центарот на градот. Најпознатиот предлог е забраната на простори за изнајмување на секој вид на туристи, пренесуваат локалните медиуми. Тој исто така предлага воведување регулативи за ограничување изнајмување на имоти на странци.
Амстердам, Холандија исто така виде пораст на посетители во 2023 година. Речиси 15,1 милиони туристи го посетиле главниот глад во 2023 година, во споредба со 13,4 милиони посетители годината пред тоа. Околу 60% од посетителите биле од Холандија, а другите биле странци.
Градот очекува бројот на туристи да продолжи да расте. „Брановите туристи создаваат притисок врз институциите, затоа, центарот на градот често е преполн“, изјавиле властите.
Во март 2024 година, Советот на ЕУ дал дозвола да се воведе регулатива која бара платформи да споделуваат податоци за сопствениците на имоти со општините, меѓу другото. Ова би им овозможило на локалните администрации да преземат построги мерки ако сопствениците на имоти ги прекршат правилата. Европскиот парламент веќе ја усвои регулативата во февруари 2024 година.
Знамиња со виножита поставени на грчки хотели во пресрет на ЕуроПрајд 2024
Од 21-29 јуни 2024 година, Солун ќе биде домаќин на ЕуроПрајд 2024, паневропски меѓународен настан во чест на ЛГБТ+ заедницата кој ќе се одржува во различен град во Европа секоја година. Настанот се предвидува да привлече многу туристи за време на прославите.
Лажни информации циркулира на социјалните медиуми во април дека грчката Влада наредила хотелите во Солун да веат знамиња со виножита во пресрет на настанот.
Тим од француската агенција АФП за проверка на факти ги поби овие тврдења и објасни дека Министерството за туризам им доставило на хотелите упатства за да ги направат своите објекти попријателски кон ЛГБТ+ заедницата, но дека тоа биле само доброволни препораки.
Сторијата се објавува неделно. Содржината е заснова на вести од агенциите кои учествуваат во ЕНР.