Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Велес – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека ќе се бори за остварување на стратешките цели како што се членството во Европската Унија и добрите релации кон стратешките партнери. На свеченост „34 години ВМРО-ДПМНЕ, 131 година ВМРО, завет, слобода, иднина, продолжуваме“ што се одржа во театарoт „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес, мандатарот потенцираше дека владата која ќе ја создадат е посветена на враќање на Македонија на нејзиното вистинско место како просперитетна, праведна и динамична демократија. 

– Но ние нема да се загубиме на тој пат преку непринципиелни договори штетни за државата. Нашиот излез ќе биде нашата работа, нашата иднина ќе биде нашата сила добиена од волјата на народот, рече Мицкоски. 

Нивната носечка цел, како што дополни, е да ја обноват довербата во институциите на државната власт, да ја елиминираат корупцијата и да обезбедат владеење на правото. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека следуваат, како што рече „многу нови и убави работи во првите сто дена“ и вети беспоштедна работа за заедничка иднина.

Мицкоски, кој е мандатар за формирање нова влада, синоќа ги соопшти имињата на министрите што ќе ги предложи, а изминатите денови тоа го направија и Вреди и ЗНАМ, кои ќе бидат дел од новата владина коалиција. Новата влада се очекува да биде формирана најдоцна до недела на полноќ. (17 јуни)

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.