Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен постави цел да се постигне родова рамнотежа во новата Европска комисија. Еднаков број на мажи и жени треба да ги заземаат највисоките позиции. Но, националните влади не се согласуваат. 

AFP, ANSA, BTA, CTK, dpa, EFE, LUSA, STA, TT

Планот на претседателката на Европската комисија да воспостави родов баланс во нејзиниот нов тим на еврокомесари е во загрозен, бидејќи земјите членки не сакаат да соработуваат. За да се постигне родова рамнотежа во комисијата, Урсула фон дер Лајен побара од националните влади на ЕУ да номинираат по двајца кандидати, еден маж и една жена, до крајот на август. Целта за паритет не е нова – за време на нејзиниот прв мандат пред пет години, Урсула фон дер Лајен на ист начин избираше комесари. Но, тогаш имаше повеќе успех. 

Овој пат повеќето земји го игнорираа барањето на фон дер Лајен. Повеќе од половина од владите номинираа само еден машки кандидат за Колеџот на комесари, објаснувајќи го ова, на пример, со нивните номинации во минатото. 

Конечниот баланс покажува дека 16 земји предложиле кандидати мажи, десет предложиле жени, додека само една земја, Бугарија, го испочитува барањето на фон дер Лајен и номинира маж и жена, како што првично било побарано. Бројот на жени се зголеми во понеделникот откако романските медиуми најавија дека премиерот Марсел Чолаку го заменил машкиот кандидат со европската пратеничка Роксана Минзату

Колеџот на комесари треба ќе се состои од 27 членови, каде секоја земја членка ќе биде претставена од еден еврокомесар. Ако нема дополнителни промени на номинациите, две третини од местата ќе ги држат мажи. Претходниот состав броеше 15 мажи и 12 жени. 

Еврокомесарите раководат со работата на околу 32.000 вработени во Европската комисија и претседателот им доделува одговорност за одредени области. Европската комисија има за цел да предлага нови ЕУ закони и да го следи почитувањето на европските договори. Изборот на комесари за новиот состав на Европската комисија е последен голем чекор за пополнувањето на највисоките позиции по европските избори во јуни. 

Составот на „машкиот клуб“ за Европската комисија 

Европското женско лоби, група што има за цел да воспостави родова еднаквост на блокот, изјави дека ситуацијата е индикативна на „машки клуб“ што е „крајно срамно“. 

– Ако земјите членки навистина веруваат дека само мажите се подобни за овие улоги или дека во нивните земји нема квалификувани жени, тие не само што се старомодни, туку се и во заблуда, изјави претставник на групата Мирта Баселович

Лина Галвез Муњоз, претседателка на Комитетот за родова еднаквост во Европскиот парламент, рече дека бројот сугерира на очигледен недостаток на „политичка волја“ од земјите членки што испраќа „многу лош сигнал, особено кон помладите жени и девојчиња“. 

Сржта на проблемот лежи во борбата за моќ помеѓу фон дер Лајен и европските главни градови, кои можеби во теорија поддржуваат родова рамноправност, но во пракса се противат рацете да им бидат врзани на кој било начин. 

– Како земји членки, очекуваме фон дер Лајен да стреми кон родов паритет. Истовремено, исто така веруваме дека зависи од нас да го предложиме комесарот кој го сакаме. (…) За жал, тие две желби не се усогласуваат овој пат, изјави еден ЕУ дипломат кој сакаше да остане анонимен за француската новинска агенција АФП. 

– Сметам дека оваа приказна покажува дека, за жал, родовата еднаквост во политиката сè уште не е прифатена, извор близок до претседателката на Европската Комисија изјави за италијанската медиумска агенција АНСА. 

Дали постои ризик да се наруши угледот? 

Италијанскиот експерт за законодавството на ЕУ, Алберто Алемано, неодамна предупреди дека колеџ во кој доминираат мажите ќе го ослаби авторитетот на претседателката на Европската комисија. 

Тој ја повика фон дер Лајен да го изрази своето незадоволство и да ги замоли земјите членки да изготват нова листа на кандидати што е можно побрзо, со цел да се ограничи штетата на нејзиниот углед и угледот на ЕУ во целина. 

Според Алемано, ова исто може да доведе до слаби машки кандидати за комесари кои нема да бидат одобрени во Европскиот парламент. Ова значи дека националните влади кои ги номинирале ќе мора да номинираат нови кандидати. 

Што е следно? 

Со сите имиња во рака, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен сега мора да ги распредели сите портфолија и во однос на нивоата (потпретседатели) и ресорите за кои секој еврокомесар ќе биде задолжен, во полиња како што се економија, индустрија и одбрана, што кандидатите најмногу ги посакуваат. Со тоа што на жените кандидати ќе им бидат дадени важни портфолија и рангот на потпретседатели може да биде начин да се надмести нумеричкиот дисбаланс. 

Урсула фон дер Лајен веќе го избрала тимот најблиски соработници. Германскиот весник „Велт“ објави во вторникот дека десничарскиот популист Рафаеле Фито, член на Браќата на Италија (ФДИ) на италијанската премиерка Џорџа Мелони, ќе ја има највисоката позиција во Европската комисија и се очекува да биде назначен за потпретседател задолжен за економија и за закрепнување по пандемијата. 

Французинот Тјери Бретон ќе биде задолжен за индустриска и стратешка автономија. Тереза Рибера од Шпанија ќе го добие ресорот за животна средина и дигитални прашања. Марош Шефчович од Словачка ќе остане задолжен за меѓуинституционални прашање, додека чешкиот министер за индустрија и трговија Јозеф Сикела ќе биде задолжен за енергетиката. Пјотр Серафин од Полска ќе го добие раководењето со буџетското портфолио. 

Европскиот Парламент ја повика фон дер Лајен да се сретне со шефовите на политичките групи и претседателот на институцијата на 11 септември за да им ја претстави конечната распределба на нејзиниот тим. Иако не е јасно дали таа ќе го објави тоа пред или после тајниот состанок.  

На крајот на септември и почетокот на октомври, сите еврокомесари мора да поминат индивидуални сослушувања во парламентарната комисија задолжена за нивните портфолија. Обично најмалку еден од кандидатите не ја поминуваа оваа фаза, каде што се разгледуваат и нивните судири на интереси, при што земјите кои ги номинирале мора да номинираат друг кандидат. 

Откако сите кандидати ќе добијат зелено светло од нивните соодветни комисии, пленарната седница на Европскиот парламент гласа за Европската комисија во целина, последниот чекор пред да започне нивниот нов мандат. Иако мандатот на сегашната Комисија завршува на 31 октомври, нејзината работа може да биде продолжена додека се подготви новата извршна власт. 

Еврокомесари номинирани од земјите членки: 

Жени: 

Белгија: Хаџа Лабиб (РЕ) 

Бугарија: Екатерина Захариева (ЕПП) 

Хрватска: Дубравка Шуица (ЕПП) 

Германија: Усрула фон дер Лајен (ЕПП/Претседателка) 

Естонија: Каја Калас (Реформска партија/ висок претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност) 

Финска: Хена Виркунен (ЕПП) 
 
Романија: Роксана Манзату (СД) 

Шведска: Јесика Розвол (ЕПП) 

Шпанија: Тереза Рибера (СД) 

Мажи: 

Бугарија: Јулијан Попов (РЕ) 

Данска: Дан Јоргенсен (СД) 

Франција: Тјери Бретон (РЕ) 

Грција: Апостолос Цицикостас (ЕПП)  

Ирска: Мајкл Мекграт (РЕ) 

Италија: Рафаело Фрито (ЕЦР) 

Латвија: Владис Домбровскис (ЕПП) 

Литванија: Андриус Кубилиус (ЕПП) 

Луксембург: Кристоф Хансен (ЕПП) 

Малта: Глен Микалеф (СД) 

Холандија: Вопке Хукстра (ЕПП) 

Австрија: Магнус Брунер (ЕПП) 

Полска: Пјотр Серафин (ЕПП) 

Словачка: Марош Шефчович (СД) 

Словенија: Томаж Весел (независен) 

Чешка: Јозеф Сикела (ЕПП) 

Унгарија: Оливер Вархеји (ПФЕ) 

Кипар: Костас Кадис (независен) 

Сторијата се објавува двапати неделно. Содржината се заснова на вести од агенциите што учествуваат во ЕНР.