Берлин – Сојузниот канцелар Олаф Шолц вложува усилија во веќе десет години долг процес «Берлин Процес» за приближување на шесте држави од западен Балкан кон ЕУ со поголемо темпо. «Се надевам дека нема да бидат потребни уште десет години за да сите шест држави конечно станат членки на ЕУ», рече политичарот во канцеларијата во Берлин. Шолц се обрати пред печатот заедно со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Канцеларот во својата изјава јасно го истакна дека државите можат само заеднички да станат дел од Европската Унија. На прашање рече дека сакаат да развијат заедничка перспектива за сите, но ќе има држави кои ќе ги исполнат сите услови многу брзо, «тие нема да ги задржиме (…), но сите мораат да знаат дека ќе бидат во заедничка иднина и дека не можат да се блокираат меѓусебно (…).»
Конфликти од минатото и националистички тенденции
Сѐ уште конфликтите од минатото ја отежнуваат соработката денес, рече Шолц. Тој критикуваше дека дијалогот за нормализација меѓу Србија и Косово не се одвива на задоволителен начин. «Јас инсистирам пред обете партнери дека треба целосно да ги спроведат преземените обврски.» И во други држави треба да се забележат националистички, разединувачки реторики. Тоа претставува опасност за соработка и соживот во мир и просперитет.
ЕУ на шесте држави од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија, ѝ понуди пристап кон ЕУ во 2003 година. Меѓутоа, во процесот се со различна напреднатост. Разочарувањето во балканските држави е значајно – особено откако Украина и Молдова, поради војната што ја водеше Русија, во рекордно време станаа кандидати за пристап.
Како конкретни успеси на «Берлин Процесот» во последните десет години, германскиот канцелар наведе неколку договори за подобрување на мобилноста помеѓу шесте држави, намалување на тарифите за роаминг, размена на студенти и регионално климатско партнерство за промовирање на обновливите извори на енергија. «Берлин Процесот» беше инициран во 2014 година од тогашната германска канцеларка Ангела Меркел. Овој вид самити се случува годинава по 10-ти пат. (14 октомври)