“`html
СТРАЗБУР – Хрватскиот европратеник Тонино Пикула е именуван за постојан известувач на Европскиот парламент за Србија, соопштено е во вторникот од неговата канцеларија.
Станува збор за должност во која Пикула во име на Европскиот парламент, во овој мандат, ќе ги покрива сите теми што се однесуваат на односите на Европската унија и Србија.
“Како продолжение на големото искуство што го стекнав и познавањето на можностите на Западен Балкан како и политиката за проширување на ЕУ, ова именување го доживувам како признание за досегашната работа”, рече Пикула.
“Како и секогаш досега ја поздравувам и поддржувам фактото дека политиката за проширување повторно е во фокусот на ЕУ. Евидентна е поголема политичка поддршка од порано, но процесот на пристапување сè уште мора да се базира на исполнување на критериумите. Секоја земја треба да биде оценета индивидуално според своите резултати,” – истакнува Тонино Пикула
Пикула во претходни мандати беше раководител на Работната група за Западен Балкан, известувач за САД и Црна Гора, известувач на ЕП за новата стратегија за проширување и соизвестувач на ЕП за финансискиот инструмент за предпристапна помош ИПА III и за Планот за раст за Западен Балкан.
Србија статусот на кандидатска земја го доби во март 2012.
Еден од главните предизвици за Србија секако ќе биде, покрај усогласувањето со правните наредби и вредностите на ЕУ, усогласеноста и со актуелната политика на Брисел во врска со руската инвазија на Украина.
Пикула еднаш годишно во име на ЕП ќе подготвува извештаи за состојбата во Србија. (22 октомври 2024.)
“`