Брисел – Музичка збирка за единство: Десетици илјади граѓани на Европската унија учествувале во заедничката „ЕУ – песнарка“. Во збирката се вклучени 164 песни од 27-те земји-членки. Тие ќе бидат претставени во новата песнарка на оригиналните јазици и на англиски.
Иницијаторите им дозволиле на луѓето во секоја земја-членка да гласаат за песните. Се наведува дека 100 музички организации и конзерваториуми од цела Европа помогнале во изборот.
Меѓу германските песни се забележуваат традиционалните парчиња „Виде едно момче малку розе“, „Излези, срце мое, и најди радост“, „Месечината изгрева“ како и црковната песна „Чудесно обезбедени од добри сили“. Како детска песна беше избрана лулка-песната „Добра вечер, добра ноќ“, а во категоријата „Слобода & мир“ германските учесници се одлучија за насловот „Мислите се слободни“.
Според иницијативата, целта на песнарката е да го пренесе европското мото „Единство во различност“ во уметноста. „Песните стојат за сета убавина и различност на германската песна, за постарите и поновите мелодии кои се нашле во срцата на милиони луѓе“, изјави Екехард Клем, претседател на Здружението на германските концертни хорови и уредник на ЕУ-песнарката за Германија, согласно соопштението. На проектот се работело девет години. (6. ноември)