Брдо при Крању – Словенија во четвртокот на 9. годишен форум во Брдо при Крању ја заврши втората претседателска функција на Стратегија на ЕУ за алпскиот регион (EUSALP). Претседателската функција ја презедоа Австрија и Лихтенштајн. Министерката за надворешни и европски работи Танја Фајон на прес конференцијата словенечкото претседателство го оцени како успешно.
“Соработката е во алпскиот регион многу важна, затоа што условите за живот за нашето население се значително потешки, поради тоа што се соочуваме со екстремни временски промени и затоа што во истовреме сакаме да ја зачуваме биодиверзитетот, да го заштитиме опкружувањето и да бидеме конкурентни,” рече Фајон.
EUSALP беше формирана во 2015 година и е наменета за подобрување на прекуграничната соработка помеѓу седумте алпски држави (Австрија, Франција, Германија, Италија, Лихтенштајн, Словенија и Швајцарија) или 48 региони, формирање на заеднички цели и нивна поефикасна имплементација. Меѓу приоритетните области се заедничкиот економски раст и иновациите, мобилноста и поврзливоста, како и околината и енергијата. (14 ноември)