Брисел – Германскиот политичар на АфД во Европскиот парламент Рене Ауст и други членови на десничарската фракција ЕСН посакуваат средба со Доналд Трамп во Европскиот парламент. Во писмо тие ја замолуваат претседателката на парламентот Роберта Мецола да испрати покана до назначениот американски претседател и да му овозможи говор пред пленумот во Стразбур.
Говор на идниот претседател во срцето на Европа би сигнализирал силна ангажираност за оживување на трансатлантските односи, се вели во писмото кое е достапно до Германската прес агенција. Важно е да се пристапи кон партнерството со САД „по потешкотиите под администрацијата на Бајден“ со отвореност и дијалог.
Во други фракции преовладуваат загрижености
Притоа, во други фракции преовладуваат загрижености за победата на Трамп и наближувањето на крајот на мандатот на трансатлантистот Џо Бајден. Се стравува дека републиканецот би можел да ја прекине воената помош за нападната Украина и да ја принуди државата на преговори со далекусежни отстапки кон Русија. Исто така, економските односи меѓу ЕУ и САД би можеле повторно да се влошат – првиот мандат на Трамп беше претстава за тоа.
Првично нема јавна реакција од Мецола
Писмото имаат потпишано Ауст и полскиот политичар Станислав Тишка како ко-претседавачи на новата фракција „Европа Суверени Нации“ (ЕСН) како и политичарката од АфД Кристин Андерсон како дополнителен член на управниот одбор на фракцијата.
Од претседателката на парламентот првично нема јавна реакција на писмото. Од нејзиниот тим се изјави дека Мецола секогаш ги разгледува сите предлози на фракциите. Освен тоа, беше изнесено дека веќе постои отворена и неограничена покана до актуелниот американски претседател. (15.11)