“`html
Брисел/Братислава – Иницијатива за големите ѕверови во Европа (LCIE) и Меѓународната асоцијација за истражување и менаџмент на мечки (IBA) испратија на 15 ноември писмо до Словачка и Европската комисија (ЕК) во кое бараат објаснување и независна оцена на мерките во врска со зголеменото отстрелување на кафената мечка во СР. Истовремено предупредуваат дека овие чекори може да се спротивни на законодавството на ЕУ, информира ТАСР.
Организациите го адресираа писмото до словачкото министерство за животна средина, исто така и до министерот Томаш Тараба (SNS), но и до Генералната дирекција на Европската комисија за животна средина и исто така до извршниот потпретседател на ЕК Марош Шефчович, кој има привремено средување на овој сектор во ЕУ.
Спомнатите организации напишаа дека се свесни за ситуацијата со нападите на мечки на луѓе во Словачка и под одредени услови допуштаат нивно отстрелување. Но, според нив, таквата одлука мора да биде заснована на научни сознанија и притоа не смее да доведува до кршење на правно обврзувачките прописи.
Како што предупредија, неодамна усвоените мерки во Словачка не ги исполнуваат овие услови. Ова според нив важи за Мануалот за заштитен отстрел на кафената мечка, усвоен во март, кој “не содржи точни дефиниции на проблематичното однесување на мечките и соодветни протоколи при реакција на разни инциденти и сценарија”. Тие стравуваат дека пристапот на Словачка може да биде спротивен на директивата на ЕУ за хабитатите.
Според овие организации, најверојатно во Словачка се случило зголемување до десетпати во отстрелувањето на мечките во споредба со претходните години.
Организациите препорачаа на Словачка да ги приоретизира несмртоносните мерки против мечките, да ја зголеми информираноста на јавноста за оваа проблематика и на пример повеќе да користи адаптивни пристапи засновани на научни сознанија. Во заклучокот на писмото понудија на Словачка можност за стручни консултации со цел да и помогнат да го зачува “ова неразделиво богатство на словачкото природно наследство”.
Владата во октомври го одобри материјалот на министерот Тараба, според кој националните паркови ќе имаат свои интервенциски тимови за елиминација на проблематичните мечки. Првин ќе бидат формирани тимови во Националниот парк Татри (TANAP) и Националниот парк Ниски Татри (NAPANT). „Рецентниот трагичен инцидент во Татрите создаде предуслов за да предложам и создавање на интервенциски тимови во секој национален парк во Словачка,“ објасни министерот. (21 ноември)
“`