Брисел – Европската унија мора и покрај позаострената политичка структура на институциите да продолжи да ја зајакнува солидарноста, како меѓу земјите членки, така и во односите со остатокот од светот, изјави во четвртокот во разговор со словенечките дописници во Брисел европскиот комесар за кризни управи Јанез Ленарчиќ. Солидарноста вклучува како хуманитарна помош, така и цивилна заштита.
Според зборовите на Ленарчиќ, факт е дека идната Европска комисија, која мандатот веројатно ќе го почне на 1 декември, ќе биде различна од заминувачата. Во новата комисија мнозинството ќе го имаат претставниците на десноцентристичката Европска народна партија (ЕПП), на која е членка и претседателката Урсула фон дер Лајен. И Европскиот парламент се помести кон десно, изјави заминувајќиот европски комесар од Словенија.
“Се надевам дека тоа не значи дека ќе има помалку внимание на полето на развојната и хуманитарната помош. Доколку Европа се затвори во себе, се обиде да се изолира и не е солидарна со остатокот од светот, ќе се удри со тоа. Европа не е остров, светот е сè повеќе поврзан и меѓузависен,” истакна.
Што се однесува до потребите од хуманитарна помош, тој нагласи дека бројот на луѓе во светот кои ја потребуваат во последните пет години е тројно зголемен. Во моментов, хуманитарна помош е потребна на повеќе од 300 милиони луѓе, а главната причина се војни и конфликти.
Кризата на Блискиот исток го обележува завршувањето на петгодишниот мандат на Ленарчиќ во Европската комисија. Само два месеца откако во декември 2019 година комисијата го започна својот мандат, светот го зафати пандемијата на ковид-19, а кога таа завршила, во февруари 2022 година започна и руската агресија на Украина. ЕУ и помага на Украина во нејзиното справување со руската агресија и преку својот механизам за цивилна заштита, вклучувајќи и набавка на над 8000 генератори за снабдување со електрична енергија, од кои над 3000 се од европската стратешка резерва rescEU.
Ленарчиќ го истакнал токму проширувањето на оваа резерва како еден од важните достигнувања на неговиот мандат на полето на цивилната заштита. Пред пет години, во неа имаше само 12 авиони за гаснење пожари. Денес има 28, дополнително ЕУ според зборовите на комесарот воспоставила свои резерви и на други полиња, вклучувајќи веќе спомнатата енергетика, но и здравство, времено сместување и хемиска, радиолошка, нуклеарна и биолошка заштита. (21 ноември)