“`html
Стразбур/Љубљана – Некогашната словенска дипломатка Марта Кос во првата своја реакција по одобрувањето на новата Европска комисија, во која таа ќе ја преземе должноста на комесарка за проширување на ЕУ, во Европскиот парламент изјави дека чувствува огромна одговорност. Како што најави, во рамките на своите нови задачи таа веќе во сабота ќе отпатува за Киев, а мандатот инаку официјално ќе го преземе во недела.
“Чувствувам извонредно голема одговорност, затоа што задачите се многу и проширувањето никогаш не било толку важно, колку што е денес,” оцени таа.
Првите предизвици, според неа, се да се помогне на кандидатите држави да бидат што побрзо подготвени за влез во Европската унија. Туку таа предупреди дека тоа може да трае различно долго за различни држави. Важно ќе биде и соработката со постојните членки, за да бидат тие подготвени за влез на нови.
Таа најави дека во рамките на новите задачи заедно со новоизбраниот претседател на Европскиот совет Антонио Косто и новата висока претставничка за надворешна политика на ЕУ Каја Калас веќе во сабота ќе отпатува за Киев. Веднаш по Украина, новата комесарка за проширување ќе го посети Неум во Босна и Херцеговина.
Новата комисија под раководство на германската политичарка Урсула фон дер Лајен и новиот претседател на Европскиот совет Косто инаку мандатот официјално ќе го преземат во недела.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб на новата комисија и посака успешно соочување со предизвиците. Тој нагласи дека ресорот за проширување, кој ќе го води комесарката од Словенија, во периодот што ни претстои за Европската унија ќе биде од извонредно значење за стабилноста и безбедноста на Западниот Балкан и особено во Украина, каде што прв пат се наговестува реална можност за мировно решение. (27 ноември)
“`