“`html
Париз – Спогодбата за слободна трговија, што беше склучена во петок меѓу Европската унија и Меркосур, ќе му користи “главно” на Европа, изјави во понеделникот во Париз Сантјаго Пења, претседателот на Парагвај, членка на државата на Меркосур, во посета на Франција.
Оваа спогодба, која е критикована од неколку европски земји, особено од Франција, “ќе донесе главно придобивки за Европа, а исто така и за Латинска Америка”, изјави г. Пења за АФП, пред закажаната средба во понеделникот попладне со неговиот француски колега Емануел Макрон.
“Треба да се обидеме да разбереме подобро, треба да ги надминеме нашите стравови”, истакна парагвајскиот претседател, според кого “процесите на промена секогаш се тешки, бидејќи оние кои чувствуваат дека ќе загубат привилегија се првите што ќе го откријат тоа, а големото мнозинство на оние кои ќе имаат корист од тоа се последните што ќе дознаат”.
Затоа, според него, е потребно “информациите правилно да циркулираат во сите сектори”, за да се успокојат оние кои се плашат и победниците од спогодбата да знаат дека ќе “заработат многу”. (9 декември 2024)
“`