Анкара – „Сега мора да го интензивираме нашиот директен ангажман со (исламистичката група) HTS и други фракции“ во Сирија, изјавила Урсула фон дер Лајен после состанокот во Анкара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, речиси пред малку од Стразбур изјави дека ЕУ е „подготвена“ да ја врати својата амбасада во Дамаск, нешто повеќе од една недела по паѓањето на Башар ал-Асад.
Урсула фон дер Лајен, исто така, оценила дека ЕУ и нејзините сојузници „не можат да дозволат“ „враќање“ во Сирија на џихадистичката група Исламска држава (ЕИ), која никогаш не била целосно искоренета.
„Ризикот од враќање е реален“, оценила таа нагласувајќи дека „единството на нацијата (сириска) мора да се почитува и малцинствата да се заштитат“.
Европската Унија ќе деблокира дополнителен милијард евра за да ја финансира помошта за бегалците во Турција, поврзано најави претседателката на Комисијата. (17 декември 2024)