“`html
Министерството за Инфраструктура и Енергија денес ја отвори наддавањето за изградба на железницата која ја поврзува Албанија со Црна Гора, земја со која Албанија ја дели историјата, заедничките традиции и големата аспирација да стане што побрзо членка на ЕУ.
Европската унија го даде за овој проект својот најголем грант некогаш за Албанија, 136 милиони евра.
Заменик премиерката и министерка за Инфраструктура и Енергија, Белинда Балуку, изјави на церемонијата за отворање на наддавањето, каде присуствуваше и амбасадорот на ЕУ, Силвио Гонзато, дека оваа железница ја прави Албанија дел од паневропските коридори.
Балуку нагласи дека изградбата на оваа линија има влијание не само на економскиот и социјалниот развој на земјата, туку и на државите на Западен Балкан.
Процесот на набавка започна во присуство на претставници од ЕИБ и ЕБРД.
Овој проект ќе рехабилитира 120 км железничка линија и ќе модернизира 12 железнички станици, ќе инсталира модерни сигнални системи и ќе ги подобри мерките за безбедноста, ќе промовира транспорт пријателски кон животната средина со електрична железница, намалувајќи ги емисиите и нудејќи зелена алтернатива за стоки и патници.
„Со рехабилитација на оваа железничка линија, ние ја поврзуваме Албанија со други земји од регионот и ЕУ. Овој проект ќе придонесе за социо-економскиот развој на Албанија, создавајќи нови можности за бизнисите и луѓето. Рехабилитираната железница е исто така чекор кон позелена иднина. ЕУ продолжува да ја поддржува Албанија во постигнување на одржлив развој и регионално поврзување“, рече меѓу другото амбасадорот на ЕУ, Силвио Гонзато.
Железницата се очекува да има 12 моста и еден тунел поставен во подрачјето на Леже со должина од 320 м. Брзината на оваа железничка линија се предвидува да биде 120 км/ч. Според студијата за изводливост од Министерството за Инфраструктура и Енергија, патот од Вора до Хан на Хот се предвидува да се изведе за 2 часа просечно. Од друга страна, ќе има годишен флукс од 2,3 милиони патници и 900 илјади тони товари годишно. (20 декември)
“`