by MIA | 10.Јул 2024 | Europe in brief
Лидерите на владите на 27 земји-членки на Европската Унија после европските избори покажаа заложба дека нивната стратешка визија последните пет години ќе биде процесот на проширување, така што можам да кажам дека процесот на проширување останува како врвен приоритет, рече Гир, додавајќи дека не гледа промена и за следната структура на европските инстутиции.
by MIA | 09.Јул 2024 | Europe in brief
Ние нема да може да бидеме спремни да ги отпочнеме преговорите ако не вметнеме неколку стотина наши граѓани во Уставот, што значи дека тоа е дел од бугарското малцинство во Македонија. Кој може нам да ни гарантира дека ова е последно барање? Во судот за човекови права во Стразбур, имаме 14 пресуди кои велат дека правата на Македонската заедница во Бугарија се повредени. И тука се поставува логично прашање, чии права се повредени, рече Мицкоски.
by MIA | 08.Јул 2024 | Europe in brief
Транспареност, отчетност и интегритет се клучни за работењето на полицијата, а освен тоа неопходна е и оперативна независност. Интегритетот на полициските службеници е значаен аспект во обезбедување поддршка од јавноста, а таа се зајакнува преку долично постапување на полицијата кон граѓаните, а се препорачува МВР да ги следи препораките на ЕУ за јакнење на механизмите за полициско постапување со интегритет, обезбедувајќи транспарентност во работењето.
by MIA | 05.Јул 2024 | Europe in brief
Меѓуетничката недоверба, зголемените сепаратистички закани, етнонационалистички агитирања и натаму ја поткопуваат стабилностa. Сите напори да ги вложиме за одржување на мирот и стабилноста во регионот, истакна Муцунски.
by MIA | 04.Јул 2024 | Europe in brief
Прашањето за уставните измени како пречка за влез во големото европско семејство треба да се реши што поскоро, а реформскиот процес да продолжи.
by MIA | 02.Јул 2024 | Europe in brief
Секогаш сум бил многу јасен за овој договор што беше постигнат во јули 2022 година што резултираше со отворање на пристапните преговори и скрининг процесот. Не гледам можност за промена на преговарачката рамка и таа позиција не е променета по изборите, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир, по денешната средба со Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, одговарајќи на новинарско прашање дали има шанса за промена на преговарчата рамка.