ЕП предлага забрана за именување на производи без месо како „бургер“ или „стек“ 

ЕП предлага забрана за именување на производи без месо како „бургер“ или „стек“ 

Секој има право да јаде алтернативни протеини, но тие да се нарекуваат месо претставува заблудување на потрошувачите. Тие не се колбас и не се стек. Тоа е толку едноставно, изјави француската европратеничка Селин Имар. 

Еврокомисијата усвои Стратегија за еднаквост на ЛГБТИК+ популацијата за 2026-2030 година 

Еврокомисијата усвои Стратегија за еднаквост на ЛГБТИК+ популацијата за 2026-2030 година 

Стратегијата 2026-2030 се бори против омразата, промовира слобода и разновидност во ЕУ и низ целиот свет и поставува целни мерки околу три главни столба: заштита на ЛГБТИК+ лицата од насилство во сите негови форми, овозможување ЛГБТИК+ луѓето да живеат без дискриминација и да имаат еднакви права во сите области од животот и вклучување на општеството во целина за заедничко унапредување на еднаквоста ЛГБТИК+ популацијата, додава ЕК. 

Плаколм и Грашич: Квалификуваното мнозинство за технички прашања во преговорите ќе спречи натамошни билатерални блокади

Плаколм и Грашич: Квалификуваното мнозинство за технички прашања во преговорите ќе спречи натамошни билатерални блокади

Среде Европа недостига еден голем дел да биде во состав на ЕУ, треба да се потрудиме да ја затвориме оваа празнина за да ја зголемиме безбедноста на континтетот и да го поврземе она што си припаѓа едно на друго. Процесот на приклучување трае веќе 20 години, веќе 20 години и ветуваме на Северна Македонија дека ќе стане членка на ЕУ. Денеска имам новина од Австрија за вас, нагласи Плаколм.

Од утре преку СЕПА побрзи и поевтини плаќања во евра за македонските граѓани и компании

Од утре преку СЕПА побрзи и поевтини плаќања во евра за македонските граѓани и компании

Народната банка и Македонската банкарска асоцијација ги повикуваат граѓаните и компаниите да ги користат придобивките од подготвеноста на банките за извршување на плаќањата во СЕПА од 7 октомври, при што во интерес на ефикасноста ги охрабруваат сѐ повеќе да ги користат дигиталните канали.

Сиљановска-Давкова од Копенхаген: Ако ЕУ сака да биде геополитичка унија, не смее да го остави Западен Балкан во геополитички вакуум

Сиљановска-Давкова од Копенхаген: Ако ЕУ сака да биде геополитичка унија, не смее да го остави Западен Балкан во геополитички вакуум

Најефикасен начин да се заштити Западен Балкан е да се врати пристапувањето базирано на кредибилитет и заслуги, засновано исклучиво на Копенхагенските критериуми. Тоа подразбира ставање крај на билатерализацијата на интеграцијата, што ја намалува отпорноста на регионот и на Европа, рече Сиљановска-Давкова.