by MIA | 02.Окт 2025 | Europe in brief
Со усвојувањето на Реформската агенда ние како Влада се обврзавме на темелни реформи во владеењето на правото, ефикансоста на јавната администрација, дигитализацијата и енергетската отпорност. Тоа не се апстрактни поими, туку конкретни чекори, кои ќе донесат подобар квалитет на животот на граѓаните, рече Муртезани.
by MIA | 01.Окт 2025 | Europe in brief
Со EES, Европската Унија има за цел да ја зголеми безбедноста на граѓаните, преку подобро откривање на фалсификувани документи и идентитетски измами, да ја подобри борбата против криминалот, тероризмот и нелегалната миграција, да го олесни патувањето преку побрзи и поефикасни гранични проверки, да обезбеди прецизна дигитална евиденција за времетраењето на престојот, елиминирајќи можни недоразбирања кои порано настануваа со рачните печати.
by MIA | 30.Сеп 2025 | Europe in brief
Извештајот наведува дека врз основа на анализа на податоците во периодот 2018-2020 година, се проценува дека поради изложеност на лош квалитет на воздухот во земјава годишно се губат околу 3.800 животи, што претставува 17,7 отсто од вкупната смртност на населението.
by MIA | 25.Сеп 2025 | Europe in brief
Сметаме дека ова нешто треба да биде приоритет, непосредно после локалните избори, имајќи во предвид дека силно и брзо чекорат напред соседите Албанија и Црна Гора, има позитивни сигнали од земјите членки на ЕУ дека има волја за проширување заклучно со 2030 година и не треба да го пропуштиме. И затоа сметаме дека Собранието треба да ја започне, после соодветни припреми постапката за измени на Уставот, да се достигне до фаза на прзо гласање најдоцна до 15 декември 2025 година, изјави Филипче.
by MIA | 24.Сеп 2025 | Europe in brief
Приклучувањето на Северна Македонија кон Единствената област за плаќања во евра оваа година ќе придонесе за надградба на статистичката и платежната инфраструктура, што дополнително ќе ја усогласи земјата со европските стандарди и ќе донесе конкретни придобивки за граѓаните, компаниите и за економијата во целина, потенцира Рокас.
by MIA | 24.Сеп 2025 | Europe in brief
Европската унија не може да го брани мултилатерализмот во светот ако го изневерува на својот континент. Проширувањето не е техничко прашање, туку тест за тоа дали ЕУ ќе го одбере патот на concordia или discordia, дали ќе биде Унија на правила и стандарди, или Унија на двојни стандарди и контрадикции, кажа претседателката.