by MIA | 01.Јул 2024 | Europe in brief
Европската Унија, мислам дека направи историска грешка што не се движеше брзо во пристапувањето на Северна Македонија во Унијата. Беа направени ветувања. Постоеја очекувања во Северна Македонија дека штом се реши спорот со Грција, направено со Преспа и со уставните промени, што беше многу тешко за нив да го сторат тоа, тогаш пристапниот процес ќе се движи брзо. И тоа не се случи. Тоа беше одложено поради повеќе причини. И, можете да го објасните на овој или оној начин, но тоа доведе до ерозија на довербата во Северна Македонија. Очекувањата не беа такви, рече Нимиц.
by MIA | 28.Јун 2024 | Europe in brief
Мицкоски ја истакна важноста на поддршката од Европската Унија за реформските процеси и стабилноста на земјата, констатирајќи дека Владата ќе продолжи да работи заедно со ЕУ во духот на партнерство и заеднички вредности.
by MIA | 27.Јун 2024 | Europe in brief
Во однос на обврските што треба да ги исполни земјава од страна на претставниците на ЕУ биле посочени реформите во делот на владеењето на правото и јавната администрација, како и борбата со високата корупција.
by MIA | 26.Јун 2024 | Europe in brief
Мислам дека пораката е многу јасна, Северна Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат. Мислам дека сите сте крајно свесни за тоа што Европскиот совет јасно го кажа дека го очекува од Северна Македонија, а тоа секако се однесува и на уставните амандмани за кои Северна Македонија се обврза да ги спроведе за да може да продолжи по својот ЕУ пат, истакна Писонеро
by MIA | 25.Јун 2024 | Europe in brief
Не е прашање дали треба, туку мораме да ги продолжиме таквите инвестиции. Тоа е во интерес на Алијансата на која што сме член, но сметаме дека тоа е и во наш национален интерес, изјави Муцунски, потврдувајќи ја посветеноста на земјата на исполнување на обврската за издвојување на средства до Буџетот за одбраната на ниво најмалку два проценти од националниот БДП.
by MIA | 24.Јун 2024 | Europe in brief
Еве уште еднаш да ви појаснам дека ваков бугарски диктат под вакви околности додека сум јас премиер нема да помине и нема да има уставни измени треба тоа да ви е јасно, направивте грешка таа грешка секој еден граѓанин ќе го чини многу, но најмногу ќе ја чини Македонија зошто, затоа што тогаш пред да влегувате во такви авантури требаше да седнете како што јас ви подавам рака, требаше вие нам да ни подадете рака и да седнеме да разговараме, рече Мицкоски/