by MIA | 10.Јун 2024 | Europe in brief
Финансиската поддршка е обезбедена од инвестирање Европската Унија преку проектот „Агро Смарт развој на модерно одржливо земјоделство“, а го спроведува Македонската развојна фондација за претпријатија – МРФП.
by MIA | 07.Јун 2024 | Europe in brief
Дел од тој договор беше дека ќе има промени на Уставот, за вклучување на луѓето кои се идентификуваат како Бугари под заштитата на самиот Устав. Тоа не е променето, се уште е таква ситуацијата. Значи, тоа ќе биде прашање кое новата Влада ќе мора да го реши, директно, рече Гир.
by MIA | 06.Јун 2024 | Europe in brief
Евроамбасадорот Дејвид Гир смета дека Преспанскиот договор, Охридскиот рамковен договор и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, секој на различен начин, имаат донесено значителни придобивки за земјава и вели дека затоа за Европската Унија е од огромно значење да се работи на целосна имплементација на трите договори.
by MIA | 05.Јун 2024 | Europe in brief
Земјите членки се согласни дека треба да се овозможи почеток на преговори, а германската перспектива е зајакнување на Европа и нанадвор и навнатре, а треба да најдеме начин како да постигнеме решение во рамките на Европа. Повеќето одлуки во ЕУ се донесуваат со квалификувано мнозинство, рече Дрекслер.
by MIA | 04.Јун 2024 | Europe in brief
Преспанскиот договор има механизми, почнувајќи од укажување, па до обраќање до Генералниот секретар на Обединетите нации. Постои и можност за покренување постапка пред Меѓународниот суд на правдата, чија пресуда соседот Грција не ја почитуваше, изјави Сиљановска Давкова.
by MIA | 03.Јун 2024 | Europe in brief
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од Охрид посочи дека го почитува Преспанскиот договор, како и оти, „за разлика од други“, го почитува меѓународното право. Таа истакна дека начинот како ќе го користи името на државата е „лична определба, право што е загарантирано со повисоки акти од билатералните договори“.