Штрик за МИА: Политичарите да бидат искрени со гласачите и да не креираат илузија што нема да се случи

Штрик за МИА: Политичарите да бидат искрени со гласачите и да не креираат илузија што нема да се случи

Има политичари кои велат дека не ги прифаќаат уставните измени и дека ќе преговараат повторно или дека ќе го сменат редоследот на барањата. Тие креираат илузија бидејќи тоа нема да се случи. Тоа е опасна илузија бидејќи ќе значи дека многу повеќе време ќе се изгуби и на крај само ќе креираат многу помалку поддршка за Македонците за ЕУ, но исто така ќе ризикуваме да го изгубиме актуелниот моментум на пристапување, рече Штрик

Вархеји: Не очекувам промена на Преговарчката рамка за Северна Македонија, критериумите за членство се јасни

Вархеји: Не очекувам промена на Преговарчката рамка за Северна Македонија, критериумите за членство се јасни

Критериумите се многу јасни од 2022 година наваму, кога беше усвоена Преговарачката рамка. Тие треба да бидат исполнети и во таа смисла не очекувам никаква промена. Не сметам дека државите членки ќе ги преразгледаат условите. Јасно е дека тие треба да бидат исполнети, рече Вархеји.

Маричиќ: Планот за раст ни дава дополнителна сила и мотивација да не се откажуваме од европската иднина

Маричиќ: Планот за раст ни дава дополнителна сила и мотивација да не се откажуваме од европската иднина

Европската унијата се заложува да ја спроведе една од најголемите инвестициски стратегии за интеграција на регионот на Западен Балкан, преку заедничка соработка со вкупно две милијарди евра во грантови и летири милијарди евра во заеми, за помош во реформите поврзани со ЕУ и економското приближување до европскиот стандард, изjави Маричиќ.

Европска иднина и заложби за сите граѓани – ветувања од претседателските кандидати на стартот на кампањата

Европска иднина и заложби за сите граѓани – ветувања од претседателските кандидати на стартот на кампањата

На првиот ден од кампањата кандидатите изнесоа заложби за европска иднина на државата, со ветувања за функционални институциите со делегирање на професионални кадри, сите со реторика дека ќе бидат претседател на сите граѓани, како и критики до опонентите.

Мицкоски смета дека со промена на Уставот нема да влеземе во ЕУ, за Ковачевски со неносењето одлуки државата останува во статус кво

Мицкоски смета дека со промена на Уставот нема да влеземе во ЕУ, за Ковачевски со неносењето одлуки државата останува во статус кво

Визијата на државата и подобра иднина зависи од носење одлуки, а не од неодлучност. Со неносење одлуки државата останува во статус кво, односно назадува, рече Ковачевски.