Пендаровски: Исходот од војната во Украина ќе влијае врз поредокот и меѓународните односи во иднина

Пендаровски: Исходот од војната во Украина ќе влијае врз поредокот и меѓународните односи во иднина

Пендаровски истакна дека оваа војна ќе покаже дали примената на сила ќе стане основниот принцип којшто треба да ја одредува природата на односите меѓу државите и во ова столетие или ќе остане на сила она што е запишано во Повелбата на ОН дека земјите се рамноправни меѓу себе, независно дали се мали или големи.

Тошковски: ЕУ нема да прави проблем за патување со пасоши со старото уставно име

Тошковски: ЕУ нема да прави проблем за патување со пасоши со старото уставно име

Земјите членки на ЕУ самостојно одлучуваат по однос на тоа како ќе се однесуваат за валидноста на патните исправи. Главно граѓаните немаат поголеми пречки за враќањето дома, но во однос на излегување, нашиот закон не дозволува употреба на старите пасоши. Согласно членот 118 од Уставот не може со закон да се менуваат меѓународни договори, останува да се организираме, да им излеземе во пресрет на граѓаните и да издаваме повеќе пасоши, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Пендаровски: И по тешките компромиси Северна Македонија нема напредок во евроинтеграцијата

Пендаровски: И по тешките компромиси Северна Македонија нема напредок во евроинтеграцијата

Пендаровски информираше дека во однос на промената на Уставот, како пречка за натамошно продолжување на нашата интеграција, тоа нема да е можно до одржувањето на изборите, бидејќи земјата има преодна Влада, чија единствена задача е организирањето на фер и демократски избори.

Џафери – Фон дер Лајен: Северна Македонија постигна многу и треба да продолжи по европскиот пат

Џафери – Фон дер Лајен: Северна Македонија постигна многу и треба да продолжи по европскиот пат

Владата, односно владиното мнозинството, и граѓаните на Република Северна Македонија опстојуваат на европскиот пат и се посветени на определбите за остварување на предусловите коишто ќе ни го отворат патот и конечно да го заокружиме нашето патување кон полноправното членство во Европската унија. Ова е пораката што претседателот на техничката Влада, Талат Џафери им ја пренесе на претставниците на институциите на ЕУ при денешните негови средби во Брисел.

Тошковски: ЕУ нема да прави проблем за патување со пасоши со старото уставно име

На полноќ истекува рокот од одредбата од Договорот од Преспа за валидноста на исправите и документите за меѓународна употреба

Амбасадорот на Белгија за Северна Македонија, Фредерик Мерис најави дека работна група во ЕУ идната недела ќе расправа како да ја имплементира одредбата од Договорот од Преспа, според која од 13 февруари сите пасоши мора да го содржат името Република Северна Македонија.

Мерис: Проширувањето е стратешки интерес на ЕУ и Белгија се надева на напредок за време на своето претседавање

Мерис: Проширувањето е стратешки интерес на ЕУ и Белгија се надева на напредок за време на своето претседавање

Одбраната на владеењето на правото, демократијата и единството се принципите во сржта на она што значи Европа и ги прави врeдностите на ЕУ. Веруваме дека се тоа се уште причините поради кои земји како Северна Македонија сакаат да и пристапат на ЕУ. Низ различни области овој концепт на демократијата на владеење на правото ќе се применува, а ќе се применува и во политиката на проширување, изјави белгискиот амбасадор Фредерик Мерис презентирајќи ги приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ.