Министрите на ДУИ поднесоа оставки, ќе станат ефективни кога ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени
Министрите од ДУИ поднеле оставки од функциите кои ќе станат ефективни откако ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени.
Министрите од ДУИ поднеле оставки од функциите кои ќе станат ефективни откако ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени.
На Комисијата за уставни прашања денеска беа изгласани два заклучоци и тоа за пристапување кон измена на Уставот и за подготвување на нацрт- амандманите за измена на Уставот, доколку биде прифатена потребата за негова измена на седницата на 18 август. Двата заклучоци беа донесени со десет гласа „за“ и со седум гласови „против“.
Политичкиот консензус и подеднаква вклученост на сите чинители е темел за успешност во преговорите со ЕУ, вели во интервју за МИА Борис Вујчиќ, гувернер на Хрватската народна банка и поранешен заменик-главен преговарач на Хрватска со ЕУ.
Мојот личен став и мислам дека тоа е и ставот на Брисел е дека договорот што го постигнавте со Бугарија беше најдобриот договор што можеше да се склучи во тие услови, вели во интервју за МИА амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија Дејвид Гир.
Ако не ги прифати уставните измени и не продолжи да оди кон европскиот пат Северна Македонија се соочува со опасноста да биде изолирана, порача денеска од Скопје шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин Бујар Османи и министрите за надворешни работи на Чешка и на Словачка, Јан Липавски и Мирослав Влаховски кои се во посета на земјава.
Зголемена поддршка за членство во ЕУ, ниско ниво на доверба во владеењето на правото и разлики за правецот на движење на локално и национално ниво, покажува анкетата на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Северна Македонија. Спроведена е во периодот од 8 април до 4 мај 2023, преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците, на национален репрезентативен примерок од 1,204 испитаници, на возраст од 18 и повеќе години.