by MIA | 24.Апр 2023 | Europe in brief
Законски решенија и дигитализација во јавната администрација и услугите за граѓаните најавува министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. На брифинг со медиумите Алиу соопшти дека е при крај подготовката на Стратегијата за реформа на јавната администрација, а со неа се опфатени повеќе закони што треба да се донесат и за кои веќе се почнати активности.
by MIA | 13.Апр 2023 | Europe in brief
Претседателот на државата Стево Пендаровски вчера нагласи дека ги поддржува уставните измени, но напомена дека не е оптимист за договор меѓу политичките партии околу промените на Уставот. Министерството за правда вчера ги објави имињата на учесниците во работната група за уставни измени предложени од парламентарните политички партии и од институциите.
by MIA | 03.Апр 2023 | Europe in brief
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска присуствуваа на овогодинешниот 55-ти меѓународен Саем на вино „Винитали“, кој се одржува од 2 до 5 април 2023 година во Верона, Италија.
by MIA | 30.Мар 2023 | Europe in brief, Working material
Жени и девојки, бидете гласни и храбри затоа што тоа е чекорот кон вистинската слобода, кон слободата на говорот, на изборот, слободата на живеењето. Институциите се тука да ве слушнат и поддржат, порача министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на дводневната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ, гласно и храбро ги поместуваме границите“ што се одржува во Скопје.
by MIA | 27.Мар 2023 | Europe in brief, Working material
Нашата национална одлука за членство во Алијансата ги проби бариерите на партиите, религиите и народите и не обедини сите. Незначајна маргина се оние малкумина кои не се горди на овој наш успех и би сакале други алтернативи. Убеден сум дека такво обединување имаме и околу нашите одлуки за ЕУ, порача премиерот Димитар Ковачевски на централната свеченост во касарната „Илинден“ по повод тригодишнинатата од членството во НАТО.
by MIA | 21.Мар 2023 | Europe in brief, Working material
Треба да ги отстраниме бариерите на патот кон ЕУ, бидејќи Северна Македонија треба да го заземе заслуженото место во Европската Унија, порача денеска од Скопје Натанаел Лимински, министер за федерални, европски и меѓународни прашања и медиуми и шеф на државната канцеларија на Северна Рајна-Вестфалија.