by MIA | 16.Мар 2023 | Europe in brief, Working material
Северна Македонија е добар пример за мултиетничко општество и со промена на Уставот дополнително ќе се унапредат основните права во земјата и не се сомневам дека со тоа ќе го зачувате македонскиот идентитет и истовремено ќе напредувате во процесот на пристапување во ЕУ, како што правевте досега, вели високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел во интервју за МИА.
by MIA | 09.Мар 2023 | Europe in brief, Working material
Конзорциумот „Бехтел и Енка“ денеска потпиша договор со Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за изградба на четири автопатски делници во должина од 110 километри на коридорите 8 и 10 д во наредните пет години. Изградбата ќе чини 1,3 милијарди евра.
by MIA | 06.Мар 2023 | Europe in brief, Working material
Ова е еден интензивен хибриден напад што ни се случува низ целата територија на земјата, при што беа зафатени околу 120 објекти, не само училиштата. Безбедносните служби активно работеа, безбедноста не беше загрозена, но мораше да се постапува според упатствата, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
by MIA | 02.Мар 2023 | Europe in brief, Working material
И денеска на полиците во маркетите нема да има леб, велат пекарите. Тие остануваат на одлуката од понеделникот дека производство и испорака нема да има. Како што велат за МИА нивни претставници, подготвени се за разговор со надлежните институции, но тогаш кога ќе добијат официјална покана, а не „повик“ или „апел“ преку прес-конференција.
by MIA | 23.Фев 2023 | Europe in brief, Working material
Изразуваме почит и поддршка кон украинскиот народ, за храброста, истрајноста и решителноста да ја одбрани сопствената територија, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната прес-конференција по средбата со нејзиниот украински колега Олексеј Резников во Киев.
by MIA | 20.Фев 2023 | Europe in brief, Working material
Уставните измени се само една од одлуките што државата треба да ги донесе во делот на пристапувањето кон ЕУ за кои е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.