by MIA | 17.Фев 2023 | Europe in brief, Working material
Скопјe – Европскиот суд за човекови права во Стразбур вчера ја отфрли како недопуштена, жалбата за поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од 2016 година.
by MIA | 13.Фев 2023 | Europe in brief, Working material
Предлогот за реконструкција на Владата, чиј кабинет се проширува со кадри од Алијанса за Албанците (АА), а се намалува со тие од „Алтернатива“, е на дневен ред на 104. седница на Собранието.
by MIA | 09.Фев 2023 | Europe in brief, Working material
Деветтемина македонски државјани кои беа затекнати во Турција за време на земјотресот се вратија во земјава. МНР информира дека тие се во добра здравствена состојба.
by MIA | 06.Фев 2023 | Europe in brief, Working material
Со високи државни почести, мирно и достоинствено, вчера во Скопје беше одбележана 151-та годишнина од раѓањето на големиот светски визионер и инспиратор на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев.
by MIA | 06.Фев 2023 | Europe in brief, Working material
Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска вели дека уште многу треба да се направи за борбата против корупцијата, граѓаните треба да видат видливи резултати и краен резултат од борбата против корупцијата.
by MIA | 31.Јан 2023 | Europe in brief, Working material
Скопје – Дали ќе ги отвориме поглавјата во рамки на преговарачкиот процес е нешто што зависи од нас. Во оваа, 2023 година, ја имаме најголемата шанса досега, да ги забрзаме преговорите и до 2030-та година, објективно и реално, Република Северна Македонија да стане членка на ЕУ. Ги почнавме преговорите со целосно заштитен македонски јазик, а со тоа и македонски идентитет и тоа е веќе кристално јасно. За сите надвор, се надевам и за сите добронамерни дома, истакна премиерот Димитар Ковачевски во својот говор на дводневната конференција организирана од Владата.