Бектеши: Слободното движење на услуги ќе придонесе за поголемо вработување и конкурентност
Скопје – Заклучоците и препораките кои ќе произлезат од билатералниот состанок за Кластерот „Внатрешен пазар“, Поглавје 3 – Право на основање и слобода на давање на услуги, ќе ги постават следните чекори во процесот на пристапување во областа на Право на основање и слобода на давање на услуги. Ние сме свесни за важноста да се обезбеди правото на основање и слободата на давање на услуги преку процесот на усогласување на законодавството во оваа област, порача министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Брисел во обраќањето на состанокот.
Пендаровски: Демократијата мора да надвладее над автократијата
Давос – Не сум загрижен дека трансатлантското и паневропското единство и солидарност ќе го имаме и годинава, но се прашувам дали ќе се задржи и кога војната во Украина ќе заврши, а тоа е клучно за да надвладее демократијата над автократијата, истакна претседателот Стево Пендаровски на панел сесија во рамките на Светскиот економски форум во Давос.
До ноември може многу да се направи, потребна е вистинска, а не декларативна поддршка за ЕУ, вели премиерот
До ноември може да се направи многу, но секој треба да биде одговорен и на ниво на задачата и на обврската кон граѓаните и кон државата. Нема простор за декларативна поддршка за ЕУ, истакна премиерот Димитар Ковачевски.
Северна Македонија на кормилото на ОБСЕ, претставени приоритетите на претседавањето во Виена
Вредностите на ОБСЕ денес се поважни од кога и да било, изјави во Виена шефот на дипломатијата Бујар Османи во улога на претседавач на ОБСЕ на прес-конференцијата со генералната секретарка на организацијата Хелга Марија Шмид.
Православните христијани го слават Рождеството Христово – Божик
Православните христијани во земјава денеска го слават Рождеството Христово – Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква-Охридска архиепископија изутринава се одржуваат божикни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан ќе богослужи литургија на Св. Василиј Велики.