Учебниците по историја треба да се сменат врз принцип на реципроцитет со Бугарија
Договорите помеѓу Скопје и Софија во делот на образовните и историските прашања ќе се применуваат по принцип на реципроцитет, изјавија од македонската влада.
Договорите помеѓу Скопје и Софија во делот на образовните и историските прашања ќе се применуваат по принцип на реципроцитет, изјавија од македонската влада.
Бугарија има обврска да ги почитува правата на малцинствата и да осигура дека никој нема да биде дискриминиран врз основа на идентитетот, соопштија од Канцеларијата за човекови права на ОН на барањето да го искоментираат условот на Бугарија да се впишат Бугарите во македонскиот Устав, додека против неа постојат 14 пресуди на Судот во Стразбур за прекршување на правата на македонското малцинство.
-Нашата позиција од искуството со Северна Македонија е дека таа е одличен партнер, лојален пријател и силен поддржувач на трансатлантската заедница. Северна Македонија заслужено го започна движењето во нивниот процес кон Европа. Тие направија тешки реформи и продолжуваат да прават тешки реформи, изјави тој.
-Наша должност е да се грижиме републиката. Историската вистина не може да се промени со договор, ниту со протокол бидејќи фактите го разобличуваат секој наметнат конструкт, а концептот на обединета Европа ни ја дава шансата да го заокружиме развојот на државата како современа европска република, рече Пендаровски.
Во интервју се изјасни и евроамбасадорот Дејвид Гир, кој рече дека прашањето за референдум е суверена одлука и нема да го коментира, но дека сепак тука треба да се погледне наназад и да се види широката слика.
Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи изјави дека унилатералната изјава за јазикот дадена во преговарачката рамка е политичка, а не историска декларација. Османи одговараше на критиките на дел од јавноста за содржината на оваа изјава.