Владата ќе ги чека изборите во Бугарија за да изнесе нови предлози за продолжување на преговорите со ЕУ

Владата ќе ги чека изборите во Бугарија за да изнесе нови предлози за продолжување на преговорите со ЕУ

Досега немаме финален предлог, меѓутоа и да имаме таков нема да брзаме да го објавиме пред да бидат завршени изборите во соседна Бугарија, бидејќи сметаме дека периодов и да имаме најдобар можен план не знаеме дали ќе биде прифатен од другата страна. Затоа се работи интензивно на изнаоѓање на решенија и мислам дека ова е правилниот пристап за понатаму, рече Муртезани.

Мицкоски – Вучевиќ: Силно го поддржуваме заедничкиот пат кон ЕУ, неопходно е да работиме за стабилност и безбедност на целиот регион

Мицкоски – Вучевиќ: Силно го поддржуваме заедничкиот пат кон ЕУ, неопходно е да работиме за стабилност и безбедност на целиот регион

Во однос на нашите европски аспирации, ја потврдивме заедничката визија дека иднината на регионот е Европската Унија. Знаеме дека патот до таму не е лесен, но веруваме дека со заеднички напори и поддршка можеме да ги исполниме критериумите и да ги донесеме придобивките од европската интеграција на граѓаните во регионот, рече Мицкоски.

Недвосмислено сме определени за евроинтеграцискиот пат, ЕУ во континуитет покажува неправедност кон нас, порача Мицкоски 

Недвосмислено сме определени за евроинтеграцискиот пат, ЕУ во континуитет покажува неправедност кон нас, порача Мицкоски 

Бевме во иста група со Бугарија и Романија, потоа со Хрватска, па со Србија и Црна Гора, на крај и со Албанија. Јас сум убеден дека ќе се сретнеме пак на тој пак, и тоа им е јасно на сите кои го знаат процесот на проширување и состојбите во ЕУ, но сепак, ние не смееме да дозволиме скептиците да победат и земјата да остане заглавена во геополитичка бесперспективност, рече Мицкоски

Мицкоски: Ако се сака има начин да нема билатерализација на целиот процес со Бугарија

Мицкоски: Ако се сака има начин да нема билатерализација на целиот процес со Бугарија

Нека биде Европска унија арбитер, претседавачот со ЕУ не кани во Будимпешта да ги решиме однапред сите прашања, да не биде етапно и да нема повеќе пречки понатаму и да нема билатеризација на овој процес. Веднаш да почнеме, рече Мицкоски.

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но и нема да стори нешто што е спротивно на националните интереси

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но и нема да стори нешто што е спротивно на националните интереси

Не сме сами, имаме многу пријатели, многу пријатели кои се дел од европското семејство. Продолжуваме да градиме пријателства коишто се дел од европското семејство. Ако мислите дека треба да ги полираме чевлите на некои од политичарите и земјите членки на ЕУ и дека тоа е начинот и правиот пат, простете јас не сум добар соговорник. Со мене може да се разговара само врз основа на аргументи, рече Мицкоски.

Иванова: Заеднички ги обединивме напорите во спроведување на стратегиите на Агендата на ЕУ

Иванова: Заеднички ги обединивме напорите во спроведување на стратегиите на Агендата на ЕУ

Ги обединивме сите заеднички напори за Западно Балканската агенда за иновации, истражување, култура, млади и спорт, за да ја забрзаме конверзацијата на вашите стопанства кон ЕУ и заедно обезбедуваме највредниот капитал на регионот, младите генерации, да можат да извлечат целосна придобивка од овој процес. Изминавме долг пат, ни претстои уште многу работа и очекувам инспиративна размена на мислења тука во Скопје, посочи Иванова.