Министерството за економија, култура и иновации на Албанија ја отвори третата и последна фаза на програмата на грантови ЕУ4Култура „Преобнови ја минатото, гради ја иднината“.
Осум грантови, со вкупна сума од 356 541 долари ќе поддржат иницијативи на невладините организации за развој на занаетчиството, иновативниот туризам, дигиталните платформи и културните настани во општините на Тирана, Мирдита, Драч, Каваја, Рогожина, Курбин и Круја, каде се наоѓаат важни објекти на културното наследство, погодени од земјотресот од 2019 година.
Проектите финансирани од оваа програма опфаќаат широк спектар на теми кои ќе го приближат културното наследство кон локалната заедница, зајакнувајќи го нивниот културен идентитет и нудејќи можности за економски раст.
Според делегацијата на Европската унија во Албанија, зачувувањето на културното наследство, зајакнувањето на младите и создавањето врски помеѓу традиционалните обичаи и туризмот се само некои од аспектите кои овие проекти ќе ги поддржуваат.
ЕУ4Култура во Албанија беше клучна во обновата и враќањето на јавноста на некои важни споменици на културното и духовното наследство како што се средновековната бања на Драч, црквата во Рубик, етнографскиот музеј во Каваја, замокот во Ишми и многу други./ (6 јануари)